Author: Author 04

Излезе цел албум со слики на Мицкоски со криминалецот С.З., познат како Симе, уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари; соопштија од СДСМ. „Откако ВМРО тврдеше дека станува збор „само една фотографија“, излегоа повеќе. Од тогаш молк. Молчи ВМРО, молчат институциите. Се бега од одговор каква е поврзаноста на Мицкоски и ВМРО со криминалецот Симе? Свиркачи до АКТ СДСМ доставија видео на кое се гледа како Симе, криминалецот од сликите со Мицкоски, пука со автоматско оружје – калашников. На собир со знамиња на ВМРО, Симе пука со калашников. Самото поседување автоматско оружје е незаконско, а пукањето покажува дека…

Повеќе

Саиф ал-Ислам Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен синоќа во западниот либиски град Зинтан. Веста ја потврди неговото семејство, како и неговиот политички кабинет, кој нападот го карактеризираше како „предавнички и кукавички чин“. Според информациите од неговиот кабинет, четворица маскирани мажи упаднале во неговата резиденција, додека медиумите јавуваат дека 53-годишниот Гадафи бил застрелан во градината на својот дом. Неговиот адвокат, Халед ал-Заиди, потврди за светските агенции дека врз неговиот клиент бил извршен атентат. Во Либија веќе почнаа шпекулациите за можните нарачатели, при што дел од медиумите ги посочуваат милициите блиски до владата во Триполи, иако тие…

Повеќе

Со низа манифестации и положување цвеќе, денеска во земјата се одбележуваат 154 години од раѓањето на големиот македонски револуционер и визионер, Гоце Делчев. Централниот настан ќе се одржи во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што почиваат неговите посмртни останки. Почит пред саркофагот на Делчев ќе оддаде премиерот Христијан Мицкоски, заедно со собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска и пратениците Сергеј Попов, Даниела Белимова и Сања Лукаревска. На чествувањето најавено е присуство и на делегации од Град Скопје, државни институции, политички партии и здруженија на граѓани. Гоце Делчев, кој светот го разбираше како поле за културен натпревар…

Повеќе

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд.Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед

Повеќе

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, велат од СДСМ. „Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери…? Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта. Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта. Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со…

Повеќе

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако се постигна договор и се закажа средба меѓу Владата и гранковиот синдикат УПОЗ за зголемување на платите на административните службеници и до 40%, претседателот на ССМ се јави на социјалните мрежи. Во стил на инфлуенсер, Трендафилов објави статус со фотографија како седи сам во празните простории на синдикатот, при што пишува дека чекал да дојде претставник на Владата за да се потпише договор за зголемување на платите. Ова е само уште една потврда на тезите дека барањата на Слободан Трендафилов…

Повеќе

Вчера во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. Исто така вчера во 13:00 часот на улица “Јустинијан први” во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни…

Повеќе

По пријава од физичко лице, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе на терен на трасата каде се изведуваат работи за изградба на гасовод и безбедно беа отстранети шест артилериски гранати со калибар од 75 милиметри. Како што информира ДСЗ, интервенцијата беше извршена од страна на пиротехничар од ДЗС – Зоран Пеeв од Штип. – Станува збор за гранати од периодот на Првата светска војна, заостанати од Солунскиот фронт. Пронајдените експлозивни направи беа транспортирани на безбедна локација и пренесени на полигонот Криволак, каде што ќе бидат уништени согласно пропишаните безбедносни процедури, соопшти ДЗС. Од Дирекцијата за заштита и…

Повеќе

Најмалку 15 лица го загубија животот, а 24 се повредени во тешката поморска несреќа што се случи во близина на грчкиот остров Хиос. Меѓу повредените има 11 деца, како и двајца припадници на грчката крајбрежна служба. Спасувачката акција за евентуални исчезнати лица продолжува и во текот на денешниот ден. Според официјалните информации, од морето биле извлечени телата на 14 мигранти, додека една жена почина подоцна во болница како последица на повредите. Инцидентот се случил за време на редовна патрола, кога бил забележан гумен глисер кој пловел без навигациски светла. И покрај светлосните и звучните сигнали, глисерот не застанал, по што…

Повеќе

Утринските температури денеска се спуштија до нулата во неколку градови низ земјава. Според мерењата на УХМР, најстудено утрово е во Берово, Попова Шапка, Пожаране и Маврови Анови каде се измерени 0 степени, додека во Гевгелија, Штип и Демир Капија термометарот покажа седум степени. Во однос на снежната покривка, Попова Шапка убедливо предничи со 45 сантиметри снег. Во Крушево се измерени 19, а во Маврови Анови 9 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно, со умерен до засилен југоисточен ветер. Од УХМР најавуваат локални врнежи од дожд во попладневните и ноќните часови, додека на повисоките планини во северозападниот дел ќе врне…

Повеќе