Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
    • Црна Гора го преименува базенот во Котор: Исполнето барањето на Хрватска на патот кон ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проект „Градски воз“: Со воз од Маџари до центар се патува за 5 минути

    Проект „Градски воз“: Со воз од Маџари до центар се патува за 5 минути

    12.06.2026 во 14:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Медиумите денеска направија практична споредбена тура низ главниот град во рамките на конференцијата Traffic for All – Skopje, организирана од „Го грин“, за да го прикажат потенцијалот на железничкиот јавен превоз во однос на патниот.

    Турата почна со градски автобус од Карпош 4 до Маџари, по што учесниците се префрлија на воз до Железничката станица – Скопје, кој ја помина делницата за речиси пет минути додека автобусот сè уште беше на пат.

    Експертот за урбана одржлива мобилност од „Го грин“, Дарко Арсовски-Петровски, истакна дека оваа активност за првпат се одржува во земјава.

    „Денеска сме на Железничката станица – Скопје као дел од третата по ред конференција Traffic for All, која првпат се одржува во Македонија. Имавме можност да патуваме со ЈСП по трасата на БРТ, кој треба да се развива, а со градскиот воз стигнавме од Маџари до Скопје за експресно време од пет минути“, појасни Арсовски-Петровски.

    Директорката за пруги во ЈП Железничка инфраструктура, Ивана Бикоска, информираше дека градежните активности за првата фаза од проектот „Градски воз“ на делницата од Зелениково до Скопје се во завршна фаза и се реализирани 90,88 проценти.

    „Градежните активности за првата фаза се во завршна фаза и досега се реализирани 90,88 проценти. Во тек е работа на горниот строј, односно замена на дрвените прагови со бетонски, како и селективна замена на дотраените елементи во согласност со теренските услови“, изјави Бикоска, потенцирајќи дека рокот за пуштање во употреба останува 1 септември.

    Директорот за патнички сообраќај, Горанчо Јовановски, потврди дека се обезбедени возни средства за самиот почеток на градскиот воз на 1 септември, но во почетната фаза бројот на возови ќе биде ограничен.

    „Автобусите по возен ред возат 65 минути, а нивниот капацитет е четирипати помал од капацитетот што го имаме ние со железничкиот превоз“, изјави Јовановски и додаде: „Од први септември, во утринските часови, ќе има два воза, а во преостанатиот дел од денот ќе сообраќа по еден воз сè додека не се комплетира возниот парк“.

    Паралелно со инфраструктурните најави, жителите на општина Аеродром изразија сериозна загриженост дека новата траса на брзиот автобуски превоз (БРТ) во Ново Лисиче може да уништи дел од постојниот парк „Рајска градина“.

    „Се наоѓаме во паркот во Ново Лисиче, каде што е предвидено да бидат последната постојка, депото и сервисниот центар за БРТ. Тоа подразбира значителен простор, од 4,8 до 7 хектари, на кој треба да се паркираат возилата“, изјави жителот Димитар Самарџиев, кој апелираше депото да се префрли на државно земјиште од спротивната страна на улицата за да се зачува зеленилото.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

    20.10.2026 во 19:06

    Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите

    20.10.2026 во 15:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.