Author: Author 04

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на денешната посета на Киев, испрати силна порака на охрабрување до украинските власти. Тој изрази целосна увереност дека сојузниците ќе ги обезбедат потребните 15,5 милијарди долари за програмата PURL, преку која Украина набавува софистицирано оружје од САД. „Апсолутно сум уверен дека парите ќе се најдат бидејќи сите знаеме дека ова е клучно“, истакна Руте. Сепак, тој отворено го посочи проблемот со „нееднаквата распределба на товарот“ меѓу членките на Алијансата, признавајќи дека не е нормално некои земји да прават многу, а неколку да не прават ништо. Во моментов, две третини од сојузниците учествуваат…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан. На средбата беше реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. Претседателката изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Во таа насока, претседателката упати покана за официјална посета на претседателот Пармелан. Таа се заблагодари за проектната помош во различни области, со што Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во нашата држава. Посочи на важноста на поддршката што Швајцарија ја дава за стратешките определби на…

Повеќе

Неверојатна трагедија со среќен крај за две мали дечиња го потресе рускиот регион Ленинград. 23-годишна странска државјанка синоќа ги фрлила своите две деца, родени во 2024 и 2025 година, од заедничка тераса на 16-ти кат во населбата Новогорелово, а потоа скокнала и самата, извршувајќи самоубиство. Како што соопшти Истражниот комитет на Русија, децата за чудо го преживеале падот од огромната височина благодарение на брзата и квалификувана медицинска помош која им била укажана на лице место. Мајката починала веднаш, додека лекарите во моментов се борат за стабилизирање на состојбата на бебињата. Руските власти веќе отворија истрага за обид за убиство на…

Повеќе

Од утре Македонија влегува во период на променливо време. Како што информираат од УХМР, нè очекува зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат со променлив интензитет во различните делови од земјата. Иако облачно, времето ќе биде потопло, со температури кои се во постепен пораст. Утрешниот ден ќе го одбележи и засилен ветер од југоисточен правец, кој дополнително ќе придонесе за промената на временската слика. На највисоките планински врвови, пак, дождот ќе премине во снег.

Повеќе

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Панчево, во соработка со Управата за криминалистичка полиција (УКП), нанесоа сериозен удар врз нелегалната трговија со дрога, запленувајќи околу 25 килограми супстанца за која се сомнева дека е амфетамин. Како што потврди вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, во оваа операција е уапсен У. Б. (21) од областа на Панчево. Тој е обвинет за кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги. Дрогата била закопана во пакувања Оперативната работа на полицијата открила необично скриено богатство со дрога. Според министерот, полицијата пронашла 24 пакети со супстанца слична на амфетамин, кои биле…

Повеќе

Владата ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година која претставува стратешки, сеопфатен и реформски документ од над 400 страници, кој јасно ги дефинира приоритетите, динамиката и визијата за развојот на државата во наредниот период, исткна на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева. Програмата како што рече е структурирана по области коишто ги опфаќаат надлежностите на законодавната, но и на извршната власт и претставува јасна мапа на Владата за реформите што следуваат и кои директно ќе влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните, функционалноста на институциите, но и на европската перспектива на државата. Во однос на законодавниот дел или…

Повеќе

Одбраната на поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, денеска побара од судот нивно итно пуштање од притвор, нудејќи високи имотни гаранции. Адвокатите тврдат дека деветмесечниот престој во затворот во Шутка веќе претставува „казна пред пресуда“ и оневозможува фер одбрана. За слободата на Нухи се понудени куќи од негови братучеди во вредност од 350.000 евра, додека Васев нуди куќа во Козле со слична вредност. „Во затворот е невозможно да се внесе компјутер за подготовка на одбраната, а посетите се ограничени на само еден час неделно“, истакна адвокатката Бегова. Обвинителството и судот ќе се произнесат за овие барања на…

Повеќе

Откако Владата не го потпиша колективниот договор за повисоки плати, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) преминува на радикални чекори. Претседателот Слободан Трендафилов најави дека првата блокада ќе се случи во вторник, на 10 февруари, пред Собранието. Целта е јасна: на пратениците нема да им биде дозволен влез со автомобили, а со тоа ќе останат и без патни трошоци за тој ден. „Пратениците ќе треба да поминат покрај работниците и да објаснат зошто предлогот за повисоки плати го чуваат во фиока. Ќе мора да дојдат пеш или со автобус, исто како и илјадници работници во државата“, порача Трендафилов. Борбата продолжува…

Повеќе

Светската здравствена организација (СЗО) упати итен апел за обезбедување една милијарда долари за справување со здравствените итни случаи во текот на оваа година. Чиквез Ихеквезу од СЗО на прес-конференција во Женева призна дека овогодинешниот апел е помал од минатогодишниот, бидејќи финансирањето од светските донатори драстично опаѓа. „Се фокусираме само на оние на кои им е најпотребно и каде што можеме да спасиме најмногу животи“, изјави Ихеквезу. Парите се наменети за 36 критични зони, меѓу кои најприоритетни се Газа, Судан и Украина. Од организацијата изразуваат длабока загриженост дека со овие средства нема да можат да ги покријат сите потреби на терен.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп ја шокираше јавноста со нова наредба до својата администрација – барање отштета од една милијарда долари од престижниот Универзитет Харвард. Преку својата мрежа Truth Social, Трамп порача дека САД во иднина „не сакаат да имаат ништо повеќе“ со овој универзитет, со што ги прекина долгомесечните преговори за можен договор. Овој потег доаѓа како одговор на извештаите дека Харвард наводно добил одредени отстапки во преговорите со владата. Трамп таквите тврдења ги нарече „целосна лага“ и го обвини универзитетот за сериозни прекршоци. Според него, Харвард се обидел да избегне претходно договорено плаќање од 500 милиони долари преку „комплицирани…

Повеќе