- Тошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата
- Уапсен Илчо Ѓорѓиоски за финансиски малверзации додека бил прв човек на ФФМ
- Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
- Протекоа детали – акција е поврзана со ФФМ: Истражители и полиција на терен низ Скопје
- Обвинителството и Финансиска полиција во голема акција: Се тресе на повеќе локации во Скопје
- Родителите на Коста К кој изврши масакр одат в затвор
- Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
- Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките
Author: Author 04
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на свеченото отворање на Светскиот самит за влади (World Governments Summit 2026) во Дубаи. Станува збор за една од највлијателните глобални платформи за дијалог и визии за иднината на управувањето, каде се разменуваат искуства за клучните предизвици. „Самитот обединува светски лидери, носители на одлуки и експерти во заедничка потрага по иновативни решенија за најголемите глобални предизвици. Ова е простор за зајакнување на меѓународната соработка“, истакна претседателката на својот Фејсбук профил. Годинашната тема на самитот, „Обликување влади на иднината“, ги собра на едно место претставниците на над 150 држави, меѓу кои десетици шефови на држави и…
Денес и утре, Македонската полиција е домаќин на регионалната конференција на тема „Човечкиот фактор наспроти технологијата во собирање докази против високоризични криминални мрежи“, која се одржува по иницијатива на Бирото за јавна безбедност и Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал, со финансиска поддршка од Проектот EU4FAST. На конференцијата учествуваат претставници на полициските служби и јавните обвинителства од Белгија, Словенија, Италија, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, како и претставници на Проектот EU4FAST, Европол, Интерпол и партнерските безбедносни агенции присутни во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев,…
Стануваат познати нови, драматични детали за бомбашкиот напад врз домот на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ. Како што дознава српски „Телеграф“, во моментот на експлозијата, околу 5 часот наутро, во вилата биле присутни пејачот, неговата сопруга Александра и помладата ќерка Лара. Единствена која не била дома во моментот на детонацијата е постарата ќерка Уна. Извори блиски до истрагата велат дека страшниот звук ги разбудил сите домашни, но и целото соседство на Дедиње. Иако нападот се случил во раните утрински часови, случајот во полиција бил пријавен неколку часа подоцна. На терен се бројни полициски сили и форензичари кои ги прегледуваат снимките од…
Вистинска драма се случувала синоќа во италијанскиот град Варезе, откако 18 лица, меѓу кои и едно дете, завршиле со симптоми на труење по вечера во локален ресторан. Како што пренесува „Милано Тудеј“, по враќањето дома гостите почнале да чувствуваат силни главоболки и гадење. Брзата интервенција на пожарникарите открила присуство на опасниот гас јаглерод моноксид во објектот. Како мерка на претпазливост, веднаш била извршена евакуација и на становите кои се наоѓаат над ресторанот. Истрагата утврдила дека причина за истекувањето на гасот бил неисправен бојлер во кујната на ресторанот. На терен интервенирале карабинери и медицински екипи, а за среќа, ниту едно од…
Управата за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година.За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници наапликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ.Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.Напомeна: во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не е во можност да ја реализира исплатата.Од УЈП апелираат доколку немате добиено…
Денес во Општина Кисела Вода беше потпишан трипартитен меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево и Обединета Македонска Дијаспора – Подружница Македонија, со кој официјално се воспоставува рамка за унапредување на образованието преку иновативни, инклузивни и холистички програми. Со оваа соработка започнува имплементацијата на проектот „STAR FOR LIFE“. Проектот предвидува обука на наставниците од четврто, петто и шесто одделение, како и директна работа со учениците преку стручни обучувачи, нивни претставници во Македонија, со фокус на една од најчувствителните теми во училиштата – булингот и врсничкото насилство. Градоначалничката заедно со директорот за Македонија и Европа од Обединета Македонска Дијаспора, Гордан…
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати остри критики до претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, нарекувајќи ги неговите постапки „обичен театар наменет за јавноста“. Реакцијата доаѓа по објавата на Трендафилов дека чека претставник на Владата во просториите на Синдикатот, иако, според Манасиевски, состанокот со гранковиот синдикат УПОЗ веќе бил однапред закажан. „Со ова се потврдуваат сите наши тези дека барањата на Трендафилов имаат политичка позадина и дека зад неговото раководење со ССМ стојат СДС и Левица“, истакна Манасиевски. Тој обвини дека на првиот човек на ССМ не му е приоритет зголемувањето на платите, туку нанесувањето политичка штета на…
Вчера во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта. При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници труга, пронашле отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети. Пронајденото било одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Со наод на вешто лице и извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, соопштија од електродистрибуција. „Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје. Констатирано е: – Противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. – Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини.…
Експлозивна направа е фрлена врз семејната куќа на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ во населбата Дедиње, објави српскиот портал „Нова.рс“. Според информациите од агенцијата „Танјуг“, од силната експлозија е предизвикана голема материјална штета. Првичните извештаи од теренот потврдуваат дека во инцидентот нема повредени лица. Полициски екипи и дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград се веќе на местото на настанот и вршат увид. Засега се претпоставува дека станува збор за рачна бомба, но истрагата треба да ги утврди мотивите за овој напад кој ја вознемири јавноста. Полицијата работи на идентификација на сторителот.
