Author: Author 04

Овен – Вашиот фокус денеска е насочен кон финансиите. По период на стагнација, работите конечно се раздвижуваат, но потребно е да бидете разумни со вложувањата за да не трошите енергија залудно. Бик – Ова е ваш ден. По долг период на преиспитување, добивате храброст да бидете автентични. Промените кои започнуваат денес ќе бидат долгорочни и значајни. Близнаци – Интуицијата ви е силна сојузничка. Процесите што досега беа во застој полека се разјаснуваат. Не брзајте со чекорите, насоката сама ќе ви се покаже. Рак – Време е за реални сојузи. Денеска ќе сфатите кои пријателства и планови за иднината навистина вредат,…

Повеќе

Во време кога во буџетот недостигаат 2 милијарди евра зад грбот на народот, власта спроведува грабеж преку криминални тендери, се вели во соопштението од СДСМ. „161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, 1,2 милион евра за фирма блиска до ЗНАМ преку „Пошта“. Милионски суми, огромен број тендери, само за едни исти омилени фирми. Украденото мора да се врати кај народот. А за тоа да се случи, мора да има одговорност за криминалните тендери. Одговорноста треба да почне од тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ. Нема борба…

Повеќе

Вистинското лице на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, излегува на површина. Тој е во служба на СДС и Левицата и одработува за нивни интереси наместо, во согласност со неговата позиција, да ги штити правата на работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Трендафилов е избраник на СДС, кој преку Јованка Тренчевска беше поставен за претседател на ССМ и ден-денес продолжува да ги извршува насоките делегирани од партијата. Затоа, по насока на СДС и на Левицата, Трендафилов го одбива покачувањето на платите на административните службеници за 40 %. Само за да му се оддолжи на СДС затоа што го поставија на…

Повеќе

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска дел од корисниците во општина Сопиште ќе останат без струја. Според известувањето, во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од жителите на селото Горно Соње. Прекинот е со цел подобрување на квалитетот на услугата и безбедно извршување на планираните работи на мрежата.

Повеќе

Целосната имплементација на системот за влез и излез (EES) на Европската Унија е официјално одложена од април за септември 2026 година. Европската комисија ја донесе оваа одлука по стравувањата дека воведувањето на новиот систем за време на летната туристичка сезона ќе предизвика сериозен метеж на границите. Иако овој систем почна постепено да се применува во октомври 2025 година, искуствата од аеродромите и пристаништата веќе покажаа сериозни недостатоци. Патниците се соочуваа со долги редици и пропуштени летови поради обврската за оставање биометриски податоци, што драстично го зголемува времето на чекање. Според податоците на ACI Europe, времето на обработка на патниците на…

Повеќе

По деценија стагнација, Министерството за образование и наука (МОН) конечно го покрена процесот за довршување на двата недовршени објекти кај Ректоратот на УКИМ. Според најновите планови, двете згради ќе ги користи исклучиво ФИНКИ, додека за Факултетот за физичко образование ќе се гради нов објект на неговата сегашна локација. Проф. д-р Горан Марковски, кој ја координираше стручната анализа, открива дека објектите повеќе нема да имаат барокни фасади и ќе бидат естетски усогласени со кампусот на УКИМ. Зградите ќе бидат подземно поврзани со паркинг, а ќе имаат и „топла врска“ за функционални потреби на факултетот. Тендерот за репроектирање веќе заврши, а се…

Повеќе

Министрите од Западен Балкан денеска ќе седнат на „онлајн маса“ со челниците на Европската комисија за да го решат горливото прашање што ги блокираше границите – правилата за престој во Шенген зоната. По минатонеделните протести и блокади на превозниците, Брисел конечно отвори простор за дијалог. На состанокот, каде учествуваат клучните директорати на ЕК за транспорт и миграција, се бара „прагматично решение“ за возачите кои поради ограничувањето од 90 дена престој во период од 180 дена, често се соочуваат со огромни казни или депортации. „Комисијата е свесна за загриженоста на транспортните оператори. Се разгледува воведување на ново законодавство со специфични правила…

Повеќе

Македонија денеска ќе ужива во променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според УХМР, ќе дува слаб југоисточен ветер, кој долж Повардарието ќе биде со умерен интензитет. Температурите се во пораст, па максималните денес ќе се движат од 6 до 11 степени. Во Скопје слично време – облачноста ќе се менува со сонцето, а термометарот ќе достигне до 9-тиот степен. Утрото беше свежо со температура околу -1 степен. Сепак, метеоролозите најавуваат дека ова е само „затишје пред бура“. Веќе од утре (среда) не очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.

Повеќе

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на седмицата времето ќе биде променливо облачно, од среда со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

Повеќе

Египет официјално и се приклучи на листата земји кои го забранија пристапот до популарната платформа за игри „Роблокс“ (Roblox). Врховниот совет за медиуми донесе радикална одлука за целосно блокирање, наведувајќи дека платформата претставува сериозна закана за онлајн-безбедноста на малолетниците. Властите во Каиро алармираат дека главниот проблем е што „Роблокс“ овозможува директна и неконтролирана комуникација помеѓу децата и непознати возрасни лица, што отвора простор за вознемирување и манипулација. Сенаторот Валија Хермас Радван, кој ја иницираше дебатата во парламентот, истакна дека ова е неопходен чекор за зачувување на етичките и образовните вредности кај најмладите. Египет стравува дека психолошките и бихејвиористичките ризици се…

Повеќе