- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша нова уредба со која директно ја напаѓа руската танкерска флота и компаниите кои овозможуваат превоз на санкционирана нафта. Зеленски на социјалната мрежа „X“ порача дека ова е дел од процесот на целосно усогласување со Европската Унија во борбата против руското заобиколување на санкциите. Овој потег доаѓа во клучен момент кога во Брисел веќе се „крчка“ 20. пакет санкции на ЕУ, кој се очекува да биде усвоен до крајот на февруари. Според најавите, ЕУ размислува за драстичен чекор – замена на досегашната граница на цената со целосна забрана на поморските услуги за руската нафта. Покрај танкерите,…
Промената во светот бара промена во образованието, гледање на реалноста низ очите на новите генерации, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати, што денеска се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите. На еминентниот собир, на којшто учествуваат околу 150 врвни научници, вклучувајќи Нобеловци и лидери на истражувачки институции од целиот свет, Сиљановска-Давкова посочи дека во време на подем на вештачката интелигенција, образованието повеќе не е еднонасочна улица на пренесување и помнење на факти и посочи на потребата фокусот на образованието да се префрли на критичко и креативно размислување. „Вештачката интелигенција е…
Јавното обвинителство веќе отвори предмет и започна интензивна координација со српските власти по заплената на неверојатни пет тони марихуана, која поминала низ македонска територија пред да биде сопрена во соседна Србија. Од Обвинителството потврдуваат дека се во континуирана комуникација со Белград за да се разоткријат сите инволвирани лица. „Веднаш е воспоставена интензивна размена на информации и координација на дејствијата. Нашата цел е сеопфатно откривање на сите организирани структури поврзани со овој случај“, велат од ЈО. Истрагата е насочена кон утврдување на сите факти за тоа како овој огромен товар успеал да ја помине македонската граница и кој бил логистичка поддршка…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик. На 20.12.2025 од управител на угостителски објект во Скопје пријавени се кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Постапувајќи по пријавата за „оштетување на туѓи предмети“, на…
Нови морничави детали испливаа на површина на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде животот го загубија 63 лица. Сведокот Петар Марковски (25), кој едвај преживеал извлекувајќи се од стампедото, откри шокантна информација – помошната врата кај бината не била наменета за евакуација, туку за криење на малолетници при полициски рации. „Слушнав дека таа врата служела за излез на малолетниците кога доаѓа полиција, но кобната вечер не видов дека некој ја користи“, изјави Марковски. Тој потврди дека во клубот имало многу малолетници, а внатре влегувал без лична карта бидејќи се познавал со обезбедувањето. Марковски опиша како таванот од…
Српската полиција му стави крај на „филмското“ разбојништво на 42-годишниот В.Г., државјанин на Македонија, кој подолг период ги тероризирал вработените во обложувалници и пошти во Краљево. Осомничениот бил уапсен во специјална акција откако оперативците успеале да му влезат во трага. Македонецот имал добро разработена шема: влегувал во објектите маскиран со фантомка, им се заканувал на вработените со пиштол и ги принудувал да ги предадат сите пари од прометот. При претресот во станот каде што престојувал, полицијата пронашла дел од парите, маската, но и реплика на пиштол со која ги вршел нападите. Вкупната штета која ја предизвикал нашиот државјанин изнесува над…
СВР Струмица- ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и Ж.А. (64) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и против Љ.Е. (55) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“. Правното лице и второпријавениот како одговорно лице во текот на 2024 на катастарска парцела започнале градба на станбена зграда за домување, без соодветно одобрение. Третопријавениот во својство на надзорен инжинер вршел надзор над објектот и покрај тоа што знаел дека не поседува издадено одобрение за градење, а притоа извршил незаконска наплата…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамки на престојот во Обединетите Арапски Емирати, остварија средба со претставници на македонската дијаспора во Дубаи. На средбата се разговараше за огромниот потенцијал на нашите професионалци кои работат во овој економски центар на светот. „Македонците во ОАЕ се успешни професионалци кои со своето знаење даваат придонес за локалната економија, но тие се и наш важен мост за продлабочување на трговската соработка меѓу двете држави“, истакна Муцунски. Главна тема на разговорот беа економските иницијативи и Стратегијата за соработка со дијаспората, која е во завршна фаза. Владата…
Сообраќајот на регионалниот пат Градско – Велес е во прекин или се одвива отежнато поради голем одрон од карпа кој падна денеска околу пладне. Инцидентот се случил во близина на поранешната хемиска индустрија ХИВ, а како главна причина се наведуваат обилните дождови кои го дестабилизираа теренот. Екипите на ЈП „Македонија пат“ – Подружница Велес се веќе на терен со соодветна механизација. Раководителот на подружницата, Ристе Коџобашиев, потврди дека со помош на багер се работи на дробење и отстранување на карпата за што побрзо оспособување на патот за сообраќај. Се апелира до возачите на крајна претпазливост при минување на оваа делница,…
Вчера во 11:50 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Н.(57) од Република Турција, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил две фалсификувани зелени карти за товарното возило „волво“ со полуприколка, кое го управувал. Тој е задржан во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
