Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства

    Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства

    10.06.2026 во 14:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, во Собранието на седницата за интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, обвини за хаос во земјоделството, оценувајќи дека во изминатите две години се случил целосен распад на системот, проследен со корупциски скандали, блокирани европски средства и намалена поддршка за земјоделците.

    „Пред нас овде не е интерпелација само заради него, туку интерпелација во којашто се отсликуваат катастрофалните состојби во овие две години коишто ги направија Цветан Трипуновски и неговиот ментор Христијан Мицкоски. Цветан Трипуновски, заедно со неговата криминална свита во неговото министерство, направија пустош во земјоделието и затоа ние пред македонските граѓани имавме обврска да поднесеме интерпелација“, рече Талески.

    Талески потсети на корупциските афери во институциите од земјоделскиот сектор.

    „Кога во две најважни институции во земјоделството избиваат корупциски афери, тогаш тоа не е случајност, тоа е системски проблем. Еден директор е фатен како прима поткуп од 100.000 евра, кај него се пронајдени 50.000 евра во кеш. Друг директор е фатен како бара поткуп од 50.000 евра за доделување средства од ИПАРД. Поради корупција и хаос во системот денес е суспендиран ИПАРД 3. Блокирани се 128 милиони евра европски средства. Во неизвесност се инвестиции од околу 130 милиони евра. Стотици проекти се доведени во прашање“, потенцираше Талески.

    Најголем удар од политиките на Владата трпат тутунопроизводителите, посочи пратеникот на СДСМ.

    „Ги намаливте субвенциите за тутунот од 100 на 80 денари. Кога бевте во опозиција баравте 160 денари по килограм откупен тутун и ги лажевте тутунарите дека ќе ја зголемите субвенцијата за 100 проценти. И сега што направивте? Им ја намаливте. Ги излажавте над 14.000 семејства дека ќе им ги исплатите субвенциите до април, потоа до мај, а денес е месец јуни. Ништо од таа работа. Прашањето е едноставно: каде се парите за тутунарите и зошто сè уште ги лажете? Ветувавте повеќе пари за земјоделците, ветувавте 180 милиони евра годишни субвенции, но реалноста е поинаква. За само две години буџетот за субвенции го намаливте за 1 милијарда денари. Народски кажано, богатите ги правите уште побогати, а сиромашните уште посиромашни. Им земате на малите за да им дадете на големите“, рече Талески.

    Талески побара лична одговорност од министерот Трипуновски, потенцирајќи дека после пустошот којшто го направил лично тој заедно со неговата криминална свита и после предизборните лаги што им биле продавани на земјоделците, време е да поднесе неотповиклива оставка.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.