Close Menu
Press24
    Најново

    Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ

    10.06.2026 во 14:16

    Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција

    10.06.2026 во 13:57

    Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест

    10.06.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ
    • Важно известување за сите кои планираат викендов да патуваат за Грција
    • Приведен 33-годишник од Карбинци: Вршел полови дејствија врз малолетничка и ѝ пренел заразна болест
    • Николоски од терен: Изградбата на пругата кон Бугарија напредува, возови очекуваме во октомври 2028 година
    • (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни
    • Пороен дожд и грмежи во Кичевско и Македонски Брод, еве на каде се движат облаците
    • Утре ќе нема струја до 16 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
    • Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ

    Рокас: Прво уставни измени, па преговори со ЕУ

    10.06.2026 во 14:166 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Усвојувањето на уставните измени е првиот неопходен чекор за започнување на преговорите со Европската Унија, порача евроамбасадорот Михалис Рокас за време на посетата на Штип. Одговарајќи на прашањето дали француско-германскиот нон-пејпер овозможува почеток на преговорите без промена на Уставот, тој појасни дека документот всушност ги зајакнува веќе договорените чекори.

    „Се разбира, со усвојување на уставните амандмани, всушност самата преговарачка рамка која што беше договорена во 2022 година, тоа и го кажува. Потоа, како следен чекор, е меѓувладината конференција, по што следува и започнување на официјалните преговори, така што јас сум навистина убеден дека Република Северна Македонија ќе може многу брзо да напредува на нејзиниот евроинтегративен пат и во зависност на имплементација на бараните реформи како дел на агендата“, вели Рокас.

    Евроамбасадорот додаде дека овој нон-пејпер, предложен од германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, јасно ги опишува сите чекори и со тоа само се зајакнува интеграцијата. Како клучна порака од самитот во Тиват ја посочи ургентноста на процесот на проширување.

    „Меѓутоа од тоа што всушност можеме да видиме сите, дека е јасно оти тоа е еден документ кој што ги опишува сите чекори ​Така што, сето тоа всушност покажува дека со тоа само се зајакнува процесот на интеграција, затоа што за да може да преговарате за нешто, ќе треба првин да отворате поглавја, да преговарате за да може понатаму да може да ги затворите. Мислам дека најголемата порака којашто всушност произлезе од самитот во Тиват е дека всушност процесот на проширување на Европската Унија е жив, е динамичен и дека е ургентен и дека земјите кандидатки не треба да ја пропуштат оваа возможност за станување членки во Европската Унија“, изјави Рокас.

    Во однос на реформите спроведени од Владата, Рокас забележува силно забрзување. Тој пренесе дека претседателот на Собранието, Африм Гаши, го информирал оти до крајот на јуни ќе се направи обид за носење на потребните закони, но нагласи дека крајната проценка ја дава Европската комисија.

    „Меѓутоа, како што веќе ви е познато, рокот за имплементација на реформите истекува. Ние сме во редовен контакт со Собранието, меѓутоа не можеме да предвидиме кога точно ќе завршат со реализација на овие реформи, меѓутоа тоа е еден процес за којшто на крај Европската комисија треба да ја направи проценката, за да се види до кој степен се реализирани тие реформи. Меѓутоа јас сум уверен дека ќе има добри резултати испорачани од самата земја, затоа што има силна соработка од страна на претставниците во Брисел, ние тука како претставници на Европската Унија, на Владата, на министерствата, сè со цел овие реформи да бидат реализирани“, изјави Рокас.

    Запрашан кога очекува да се случат уставните измени, евроамбасадорот потенцираше дека тоа е чиста политичка одлука на домашните партии во Собранието.

    „Кога ќе одлучат да се оди напред, се разбира дека потоа е предвидена редовна процедура, исто така којашто ќе треба да се случи во Собранието, така што кога ќе одлучи Владата и политичките сили, кога тие ќе сметаат дека е вистинскиот момент, тогаш може да се направи последниот чекор за одење напред“, рече Рокас.

    Во однос на акцискиот план за малцинствата и позицијата на Бугарија, Рокас изрази задоволство од досегашните јавни консултации и вклученоста на граѓанскиот сектор, потсетувајќи дека овој документ, заедно со патоказот за владеење на правото, се предуслови за отворање на првиот кластер.

    „Се разбира дека ова подлежи понатаму на проценката која што ќе се направи од страна на Европската комисија. Меѓутоа, нема никаква сомнеж дека ние сме на добар пат кон добар акциски план за малцинствата и, се разбира, како што веќе ви е познато, пред отворањето на кластерите за основните вредности, предуслови се патоказот за владеењето на правото, исто така акцискиот план за малцинствата. Овие два документа понатаму се праќаат на Европската комисија за оценување. Се разбира дека постои простор таму за понатамошно подобрување на самиот текст на двата документа, меѓутоа јас мислам дека во моментот тоа е тековен процес и до овој момент ние сме задоволни во врска со тоа како течат работите, со јавните консултации, чисто дел беа и граѓанските организации, невладините организации и други учесници коишто работат во оваа сфера, така што можат да ги претстават своите измени или амандмани“, изјави Рокас.

    Зборувајќи за сегментите каде земјата бележи одлични резултати, евроамбасадорот ја пофали усогласеноста со надворешната безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, нагласувајќи дека моментумот за напредок е сега, по примерот на Албанија и Црна Гора.

    „Исто така, можам да ја пофалам и земјата што се однесува во контекст на усогласување на земјата со надворешната безбедносна политика, и тука мислам исто така и со политиката во сферата на одбраната. Навистина имаме одлична соработка со Република Северна Македонија, така што во овој контекст имаме блиска соработка. Така што, штом се создаде моментумот, штом луѓето или челниците се прагматични, штом се има заедништво, т.е. единство, самата земја е решителна, за да може да се направи тој последен чекор кон започнување на преговорите, за којшто јас немам никаква сомнеж дека моментот, самиот моментум е тука за започнување на преговорите. И јас ја имам, всушност, вербата дека тој моментум е сега, меѓутоа исто така изискува и завршување на самите реформи, за да можат да се почувствуваат вистинските придобивки од започнување на преговорите со Европската Унија, меѓутоа и со крајното членство. Мислам дека како пример за тоа може да ја видиме Република Албанија и Црна Гора, коишто напредуваат забрзано на тој пат, ги гледаат придобивките од започнување на преговорите со ЕУ“, вели Рокас.

    На прашањето за ставовите на премиерот Христијан Мицкоски во однос на условите за влез на Бугарите во Уставот, Рокас децидно одговори дека во политиката преземените обврски мора да се реализираат, додавајќи дека ЕУ е подготвена да помогне, но клучната одлука е на Скопје.

    „Всушност, тоа што е најважно да го потенцирам е дека дел од акито, т.е. на правото на Европската Унија, како главен дел се исто така, се исто така и добрите меѓусоседски односи. Ние се наоѓаме во критични времиња, навистина, и всушност тоа што беше договорено пред четири години, т.е. во 2022 година, мислам дека е важно сега да се најде, значи, исто така, начин за да се оди напред. Мислам дека и лидерите на Европската Унија, коишто јас имав чест да ги пречекувам и тука, меѓутоа исто така и во Брисел, меѓутоа исто така и во Тиват, за време на самитот, значи, покажаа безрезервна поддршка и солидарност кон Република Северна Македонија. Така што мислам дека сепак, значит, тоа е одлука на самата земја која што треба да ја земе. Важно е поддршка, поддршката на Европската Унија. Ние сме спремни да го олесниме овој процес, меѓутоа треба решителен чекор од страна на властите во вашата земја да се преземе сè со цел да се реализира тоа што беше договорено во 2022 година“, подвлече Рокас.

    Прочитај повеќе

    Собранието ја констатира оставката на Арбен Фетаи

    10.06.2026 во 13:14

    Се огласи Груевски: Маленко измислува приказни по поткасти, никогаш во животот не сум го видел тој човек

    10.06.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.