- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
- Панова: 36 години ВМРО-ДПМНЕ се години на посветеност и борба за државните интереси
- Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок
- Јанушев: Македонија е во петте најуспешни економии во Европа по раст на БДП
- Митева: Седум квартали по ред покажуваме одлични резултати во економијата
Author: Author 04
Градот Скопје и официјално ја започнува потрагата по креативни идеи кои ќе го стават градот на европската културна мапа. Денеска е објавен првиот јавен повик за финансирање на проекти кои ќе станат дел од програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека овој процес се води транспарентно и согласно строгите критериуми од Брисел. Целта е да се поддржат проекти кои нема да бидат еднократни настани, туку ќе остават трајна вредност за градот и неговиот културен систем. „Европска престолнина на културата не е сцена за импровизација. Тоа е заедничка обврска кон Европа дека…
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, три лица кои сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание и на едно лице му се става на товар кривичното дело Примање поткуп. Првообвинетиот како управител на кривично одговорното правно лице аплицирал на јавен повик на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој на РСМ и поднел барање за користење на финансиски средства преку ИПАРД програмата. Бидејќи правното лице не…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска престојува во повеќедневна работна посета на Обединетите Арапски Емирати. Тој ќе ја претставува земјава на престижниот Светски самит за влади во Дубаи, кој годинава се одржува под мотото „Обликување на идните влади“. На овој глобален настан учествуваат над 35 шефови на држави, 20 претседатели на меѓународни организации и над 500 министри. Фокусот на Муцунски ќе биде ставен на глобалните логистички и трговски системи, каде ќе се обрати на панел-дискусијата посветена на промените во новиот логистички поредок. Како дел од посетата, најавено е потпишување на важен Меморандум за разбирање меѓу…
Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик Во периодот од 01.01.2026-31.01.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 15.943 издадени платни налози, 3.683 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 74 лица, од кои 67 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење под дејство на дрога…
Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.К.(24) и Ј.С.(18), двајцата од Куманово. При претрес во домот кај М.К., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека заеднички ја поседувале и препродавале дрогата. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, упати остри критики до Владата откако утрово пропадна најавеното потпишување на Спогодбата за зголемување на минималната плата. Според него, претставниците на извршната власт не се појавиле на состанокот закажан во 9 часот, каде требаше да се официјализира „минималец“ од 600 евра во нето износ. „Денеска паднаа маските и се разобличија лагите. Претставникот на Владата не дојде како што го поканивме. Се потврди дека приоритет не им се работничките плати, ниту зголемувањето на минималната плата за која претходно даваа изјави“, објави Трендафилов. Синдикатот бара новата висина на платите да почне да се исплаќа веќе со февруарската…
Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, на денешната конститутивна седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, порача дека ова тело претставува пресвртница во борбата против организираниот криминал. Според него, главната цел на Советот е да воспостави јасен политички правец и да ја елиминира досегашната фрагментираност во институциите. „Овој Совет не е само уште една структура, туку директен одговор на потребата за силна координација и постојан политички надзор. Нашата улога не е оперативна, туку политичка – да дефинираме приоритети, да ги отстраниме системските пречки и да обезбедиме ресурси,“ истакна Фетаи. Тој додаде дека Националната…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја отвори конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, порачувајќи дека борбата против криминалот влегува во нова, одлучувачка фаза. Според него, фокусот веќе не е само на кривичните пријави, туку на конфискацијата на нелегално стекнатиот имот. „Борбата мора да заврши со конфискација, бидејќи криминалот не смее да се исплати. Украденото мора да му се врати на народот“, истакна Мицкоски. Тој откри дека во моментов институциите работат на повеќе од педесет случаи за висока корупција кои со години биле „прикривани или игнорирани“. Премиерот нагласи дека овој Совет не е само формалност, туку…
Лишен од слобода полициски службеник од Делчево, возел без возачка дозвола, одземено е возилото Утрово во 06:45 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од с.Тработивиште, делчевско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола. Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена…
