- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Потресно сведочење денеска во судницата за пожарот во дискотеката „Пулс“. Дејан Манасиев, кој со години работел како шанкер во објектот, ги опиша моментите на ужасот, но и голготата што ја поминува десет месеци по трагедијата. Иако нема да бара затвор за обвинетите, тој најави оштетно побарување поради уништеното здравје. „Огнот се прошири екстремно брзо. Внатре имаше околу 500 луѓе, а простор за реакција речиси и да немаше“, изјави Манасиев. Тој откри дека дури и по лекувањето во Штип, Скопје и Грац, неговата состојба е критична, а нивото на кислород во крвта (сатурацијата) му паднало на загрижувачки 65 проценти. Шокантен е…
Евроамбасадорот Михалис Рокас упати силна порака за поддршка на македонските власти во борбата против организираниот криминал и корупцијата. На конститутивната седница на Националниот совет, тој истакна дека најефективниот начин да се победи криминалот не е само затворот, туку одземањето на финансиските средства. „Конфискацијата на незаконски стекнатите средства е тоа што најмногу ги обесхрабрува криминалните активности. Кога ќе ја одземете користа, ја расчленувате целата криминална организација“, изјави Рокас. Тој нагласи дека ЕУ постојано го модернизира своето законодавство за да одговори на брзите криминални трендови и ја посочи Европската директива за поврат на имот како клучен патоказ. Рокас му оддаде признание на…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната конститутивна седница на Националниот совет откри дека борбата против криминалот во 2025 година резултирала со огромен прилив во државната каса. Преку ефикасна конфискација на нелегално стекнат имот, во буџетот се слеале над 452 милиони денари. „Ова е доказ дека системот функционира. Принципот ‘следи ги парите’ веќе не е исклучок, туку станува стандард во нашите истраги. Нашата порака е јасна – криминалот не е исплатлив“, истакна Тошковски. Министерот нагласи дека во текот на изминатата година е забележан значителен раст на бројот на финансиски истраги, кои сега се составен дел од секоја истрага за…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната конститутивна седница на Националниот совет за финансиски истраги испрати јасна порака: државата веќе не само што детектира, туку и активно го одзема нелегално стекнатиот имот. Таа презентираше фрапантни податоци за работата на Управата за финансиска полиција, која во 2025 година забележала огромен скок во активноста. „Од само девет истраги во 2022 година, во 2025 година направивме огромен исчекор – почнати се дури 58 финансиски истраги со кои се опфатени речиси 400 физички и 95 правни лица“, информираше министерката. Според неа, финансиските истраги веќе даваат реални резултати на терен, посочувајќи дека во рамки на…
Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, О.М. од Украина пријави дека околу 04:30 часот во Градскиот парк во Скопје, три лица, најверојатно малолетници, со употреба на физичка сила му одзеле чанта во која имал пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, велат од Владата. „Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот УПОЗ е закажана и ќе се одржи во просториите на Владата во четврток во 16:45 часот. Ова е конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати. Социјалниот…
Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор и откако му го дал, му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П.(35) од Струга и К.Т.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци”. Пријавените, довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци и со лажно прикажување на факти, обезбедиле нејзини лични податоци и број на банкарска сметка, при што на 25.06.2025 аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво, а потоа под изговор дека по грешка се парите на нејзината сметка и побарале да ги повлече паричните средства и да ги предаде на второпријавената.
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска упати жестоки обвинувања до претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, тврдејќи дека тој работи за интересите на СДС, а не на работниците. Според Манасиевски, Синдикатот свесно го одбива владиниот план за зголемување на административните плати од вкупно 40%. „Избраникот на СДС, кој беше наместен преку Јованка Тренчевска, продолжува да работи за својата партија. Трендафилов бара нагло зголемување на минималецот од 50% за само една година, а за цели 7 години власт на СДС, минималната плата вкупно не порасна толку“, истакна Манасиевски. Тој појасни дека планот на ВМРО-ДПМНЕ е одржлив и предвидува раст на…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26.1.2026 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,433%, кај дизелот за 4,757%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,829% и кај мазутот зголемувањето е за 5,973%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра…
