- Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок
- Јанушев: Македонија е во петте најуспешни економии во Европа по раст на БДП
- Митева: Седум квартали по ред покажуваме одлични резултати во економијата
- (ФОТО+ВИДЕО) Погледнете колку народ има за роденденот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица
- (ВИДЕО) Ковачки: Определени сме за европскиот пат – два месеци имаме интензивна дипломатска активност
- ВО ЖИВО: 36 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ
- Се огласи Никола Груевски: Успесите нека не прават поголеми, а граѓаните посреќни
- И АНБ со детали за акцијата против терористите: Специјалците нашле дигитални уреди кои им откриле важни траги
Author: Author 04
Ноќеска во 02:00 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Адвокатот Петре Шилегов денеска побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Повикувајќи се на економичноста на постапката, Шилегов истакна дека државата троши огромни средства за процес кој, според него, може да се покаже како правно неоснован. Клучниот аргумент на одбраната е неодамнешната одлука на ОЈО ГОКК за истиот настан, со која е отфрлена истрагата против седум полициски службеници. Шилегов посочи дека за нив било утврдено дека не постои директна причинско-последична врска за трагедијата, а евентуалното дело „злоупотреба на положбата“ е веќе застарено. Тој побара истата…
Силно невреме проследено со обилни снежни врнежи и екстремно ниски температури ја зафати Грција, предизвикувајќи сериозни проблеми во Тракија и северните делови на земјата. Поради безбедносни причини и заледени коловози, локалните власти одлучија училиштата во погодените општини да останат затворени, а наставата да се одвива онлајн. Според грчкиот јавен сервис ЕРТ, најкритично е во планинските предели каде веќе се бележат заглавени возила. Во близина на Серес, кај ски-центарот Лајлија, околу 15 возила со часови останаа блокирани на патот бидејќи возачите не поседувале задолжителни синџири за снег. Метеоролозите предупредуваат дека лошото време ќе продолжи и во текот на денот, со засилен…
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека многу лесно може да го реши финансискиот дефицит на Обединетите нации. Во изјава за „Политико“, тој посочи дека решението е во принудување на земјите-членки кои должат пари за членарина, веднаш да ги подмират своите обврски. „Сè што треба да направам е да ги повикам овие земји… ќе испратат чекови за неколку минути“, изјави Трамп, додавајќи дека би го сторил тоа доколку ОН побараат помош од него. Сепак, претседателот одби прецизно да одговори дали Соединетите Американски Држави ќе ги исплатат сопствените долгови кон организацијата, кои се мерат во милијарди долари. По предупредувањата од високи функционери…
Вчера во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Г.(22) од с.Ношпал, битолско. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 километри на час, каде што брзината е ограничена на 60 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од Кривичен законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.
Вчера во 14:05 часот во село Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Е.Н.(33) од истото село. Тој бил баран по наредба од Основен суд Тетово за издржување на затворска казна во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување казната.
Во судницата во Идризово денеска продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште е предвидено сослушување на пет нови сведоци и законски застапници на оштетените. На претходните рочишта, преживеаните сведоци опишаа сцени на паника и хаос кои настанале кога чадот и пламенот го зафатиле преполниот објект. Обвинителот Борче Јанев во своето воведно излагање беше дециден дека трагедијата е резултат на долгогодишни системски пропусти. „Општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи…
Жителите на општина Центар и возачите кои секојдневно транзитираат низ овој дел на градот, од денеска ќе се соочат со изменет режим на сообраќај. Промените ќе бидат на сила сè до 23 септември 2026 година. Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, посебниот режим се воведува поради реализација на градежни активности за изградба на нова комунална инфраструктура и улици. Зафатите ќе се одвиваат на улицата „Тодор Александров“, поточно на краците со број 11 и 12. Активностите се спроведуваат согласно одобрението за времена измена на режимот на сообраќај издадено од Град Скопје. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да…
Во јавноста протекоа вознемирувачки информации од електронската преписка поврзана со починатиот американски милионер Џефри Епштајн, во кои се споменува Македонија. Според овие наводи, човечки мозоци од починати лица од земјава наводно биле длабоко замрзнувани и транспортирани во САД за потребите на истражувачки центри. Мејловите откриваат логистички детали за таканаречената криопрезервација, односно длабоко замрзнување на мозоците и нивно пренесување во специјализирани американски лаборатории. Информацијата дека дел од примероците потекнуваат токму од Македонија предизвика сериозни реакции и отвори низа прашања за легалноста и етиката на овие наводни активности. Епштајн, кој беше осуден за сексуални деликати, со години финансираше научници и институции фокусирани…
Од вчера, 1 февруари, еврото стана единствено средство за плаќање во Бугарија. Со ова заврши едномесечниот преоден период во кој граѓаните и бизнисите можеа да ги користат и бугарскиот лев и еврото при секојдневните трансакции. Како што потврдија од бугарското Министерство за финансии, левовите веќе нема да се прифаќаат за купување стоки и услуги. Трговците отсега имаат обврска кусурот да го враќаат исклучиво во евра, без оглед на тоа во која валута се вршело плаќањето претходно. Со цел да се спречат шпекулации и да се задржи транспарентноста, цените во продавниците ќе останат двојно прикажани (во левови и евра) сè до…
