Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес
    • Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Се судирија автобус и „мерцедес“ – има повредени
    • Падна полицаец од Тетово: Наместо казни од 300 евра за брзо возење, издал предупредување и казна од 45 евра
    • ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
    • Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
    • Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани
    • Сабајле ќе снема струја во 9 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Трагедија ја потресе Македонија: 38-годишник почина од струен удар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори

    Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори

    10.06.2026 во 15:013 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија се соочува со непринципиелен застој во евроинтеграциите, што носи негативни последици за двете држави, порача денеска од Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој претпладнево учествуваше на министерскиот состанок на Процесот за соработка во ЈИЕ (ПСЈИЕ), а попладнево е дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

    Шефот на дипломатијата потенцираше дека од моменталната ситуација економски и политички губат и Македонија и Бугарија, поради што е потребно да се надмине високиот степен на недоверба.

    • Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба – истакна Муцунски.

    Како клуч за излез од оваа ситуација, министерот го посочи отворањето на преговарачкиот процес за земјава, но подвлече дека постојат теми кои за македонската Влада се затворени.

    • И најлесниот начин на којшто ние можеме да се движиме напред и да ги решаваме нашите меѓусебни прашања е доколку Бугарија ги отвори вратите и дозволи ние да ги отпочнеме преговорите и да знаеме дека сите предизвици може да се решат, но да бидат принципиелни предизвици. А за прашања, ќе повторам, поврзани со историја, идентитет и јазик, оваа Влада не е подготвена ниту да преговара, ниту да разговара за нив – рече Муцунски.

    Според него, историјата и јазикот се автохтони прашања кои не припаѓаат во европскиот процес, туку фокусот мора да биде ставен на заедничката иднина во ЕУ. Тој најави дека разговорите ќе продолжат на претстојните мултилатерални средби, вклучително и на Самитот на НАТО.

    Во однос на евроинтегративниот пат на регионот, Муцунски истакна дека Македонија ги исполнува сите критериуми и има целосно усогласена безбедносна политика со Унијата.

    • Дефинитивно и тоа е нашата јасна позиција. Прво, тоа што е апсолутно јасно и тоа го кажувам особено по самитот во Тиват е дека постои огромен прозорец којшто се отвора од страна на Европската Унија насочена кон регионот на Западен Балкан. Но, исто така, тоа што ние постојано го повторуваме е дека тој прозорец во преден план треба да ги стави земјите коишто ги исполнуваат реформите поврзани со европските критериуми, но и земјите коишто имаат целосна усогласена заедничка надворешна и безбедносна политика со Европската Унија – изјави тој.

    Муцунски заклучи дека земјава претставува модел кој ги спроведува реформите на дело и делува како кредибилен и предвидлив партнер на меѓународната сцена.

    Прочитај повеќе

    Хасан: Во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани

    21.10.2026 во 13:33

    Манасиевски: Филипче го снема од медиумскиот простор

    21.10.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.