Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

    Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

    09.06.2026 во 20:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител ТВ се осврна на системот СМАРТ лиценци, проект кој Министерството за дигитална трансформација неодамна го промовираше.

    Андоновски истакна дека системот е веќе подготвен и функционален, и дека истиот веќе се користи за лиценците кои ги издава министерството за дигитална трансформација.

    „Ова е проект кој веќе се спроведува во Министерството за дигитална трансформација. Почекавме системот да биде готов и да може да се тестира, за потоа да го предложиме пред јавноста и да ги запознаеме и другите институции со него“, посочи министерот.

    Тој нагласи дека преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk веќе се аплицира за лиценци поврзани со доверливи услуги, како електронски печат, електронски потпис и временски жиг, кој ги издава Министерството за дигитална трансформација при што напомена дека системот функционира успешно.

    Според Андоновски, следниот предизвик е системот да биде прифатен и имплементиран и од други институции, бидејќи станува збор за решение кое е потребно на државата од аспект на транспарентност, ефикасност и подобра услуга за граѓаните и компаниите.

    „Граѓаните треба да бидат сигурни дека доколку некој објект функционира, тој има важечка лиценца за соодветната дејност. Компаниите треба полесно да аплицираат и да немаат впечаток дека нивниот предмет се чува во фиока, а институциите треба да бидат поефикасни во меѓусебната размена на податоци“, истакна Андоновски.

    Министерот појасни дека системот овозможува автоматизирано повлекување на податоци кои веќе ги поседуваат институциите, без потреба граѓаните и компаниите повторно да доставуваат дополнителни документи и информации.

    „Системот е целосно тестиран и подготвен да се имплементира и во други институции“, додаде Андоновски.

    Тој информираше за примерот на соработката со Министерството за економија и труд, каде што веќе се работи на имплементација на истиот систем. Како што посочи, негативното искуство од Кочани, како и тогашните анализи на Пазарниот инспекторат, покажале дека голем дел од објектите немале соодветни лиценци, што ја потврдува потребата од вакво дигитално решение.

    „Веќе го имплементираме системот за ноќен клуб, кабаре и ресторан. Тој е во фаза на тестирање и очекувам да биде пуштен во функција до 30 јуни, што е и обврска од Планот за раст на Министерството за економија и труд “, рече Андоновски.

    Министерот изрази очекување дека и другите институции ќе се приклучат кон системот, бидејќи станува збор за функционално решение кое може лесно да се реплицира и примени во различни области.

    „Имаме систем кој функционира и кој може лесно да се реплицира и во останатите институции“, заклучи министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица

    20.10.2026 во 20:51

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.