Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива

    30.10.2026 во 12:19

    Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој

    30.10.2026 во 12:03

    ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања

    30.10.2026 во 11:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски оствари средба со унгарскиот специјален пратеник Клеин: Потврдена стратешката соработка и европската перспектива
    • Дурмиши: Женското претприемништво мора да стане двигател на регионалниот економски развој
    • ЦУК: Јавете се на 112 само кога е итно – имаме повици за административни прашања
    • Нов инцидент на Блискиот Исток: Танкер погоден од чамец со експлозив во Ормускиот Проток
    • Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
    • ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
    • Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно
    • МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » За првпат досега: Лаптопи за најдобрите средношколци на манифестацијата „Првенец на генерација“

    За првпат досега: Лаптопи за најдобрите средношколци на манифестацијата „Првенец на генерација“

    09.06.2026 во 20:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На традиционалната манифестација „Првенец на генерација“, вечерва им беше оддадено признание на најдобрите ученици од средните училишта во главниот град за нивниот труд, знаење и посветеност.

    Оваа година, како новитет во поддршката на младите таленти, најуспешните матуранти заминаа дома со вредни технолошки награди.

    „За првпат досега, лаптопи за првенците на генерацијата – признание за трудот, знаењето и посветеноста! Вечерва, на манифестацијата „Првенец на генерација“, Градот Скопје им оддаде признание на најдобрите ученици од средните училишта во нашиот град. Ова е признание за дисциплина, карактер, упорност и љубов кон знаењето, рече градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.“

    Настанот испрати порака дека инвестицијата во образовниот процес останува врвен приоритет за развојот на државата.

    „Оваа година, за првпат, секој првенец на генерација добива и лаптоп – алатка што ќе им помогне да продолжат да учат, истражуваат, создаваат и да ги развиваат своите таленти. Ова е порака дека нивниот труд се вреднува, нивниот успех се почитува и дека Градот Скопје верува во нивната иднина и секогаш ќе биде нивна поддршка. Образованието е најсилната инвестиција во иднината. истакна Ѓорѓиевски.“

    Покрај персоналните награди, локалните власти најавија и серија капитални инвестиции и активности во насока на подобрување на училишната инфраструктура.

    „Нашата поддршка за образованието продолжува и преку организирање на научно-наставен камп, летување за талентирани ученици и ученици од социјално загрозени семејства, бесплатни униформи, современи лаборатории, подобри услови во училиштата, уредени дворови, нова урбана опрема, спортски комплекси, топлотни пумпи, фотоволтаици итн, посочи Ѓорѓиевски.“

    На крајот од свеченоста беа упатени и директни честитки и мотивирачки пораки до учениците, нивните родители и професори пред почетокот на заслужениот распуст.

    „Драги ученици, Вашиот успех е само почеток. Пред вас се нови предизвици, нови можности и уште поголеми достигнувања. Следете го својот сон, верувајте во себе и никогаш не се откажувајте од она што ве движи напред. Честитки до сите првенци на генерацијата, до нивните родители и наставници. Ви посакувам многу успеси во иднина и убав, радосен и заслужен летен одмор, порача Ѓорѓиевски.“

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“

    30.10.2026 во 10:51

    „Денови на Јустинијан I“ по 14-ти пат ги собира светските научници во Скопје

    30.10.2026 во 08:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.