Author: Author 04

Нападот со рачна бомба врз домот на Здравко Чолиќ на Дедиње добива нов тек. Според неофицијалните информации што ги пренесуваат српските медиуми, куќата на легендарниот пејач најверојатно била погодена по грешка, а вистинската цел бил неговиот прв сосед – Адис Гојак. Гојак е поранешен менаџер на Чолиќ, а моментално го застапува Горан Бреговиќ. Тој и претходно бил познат на јавноста по инциденти, вклучувајќи и обвинувања дека им се заканувал на соседите со пиштол поради бучава. Се претпоставува дека напаѓачот ги помешал објектите или сакал да испрати порака до Гојак. За среќа, иако детонацијата ги разбудила Чолиќ, неговата сопруга и ќерката,…

Повеќе

Обвинителството во Лил денес објави дека 10 мажи се обвинети во случај на педофилија извршена со хемиско дрогирање на петгодишно момче. Десетте мажи, на возраст меѓу 29 и 50 години, се обвинети, објави обвинителството, објавува „Ле Фигаро“. Покрај сериозноста на делата извршени врз петгодишното момче, осомничените се гонат и за „сериозна злоупотреба или суровост кон домашните животни“ и за „групен сексуален напад врз домашно животно“, објавува „БФМ“. Истрагата е отворена на 15 февруари 2025 година, а според соопштението од обвинителството, петгодишното дете, „поврзано со возрасни мажи преку неговиот татко“, претрпело „сексуално насилство влошено со употреба на хемиски супстанции“ во текот…

Повеќе

Вистинска драма се случувала утрово околу 9 часот во предградието на Милано, откако 11 деца на возраст од само една и две години биле итно хоспитализирани поради труење со јаглерод моноксид. Истекувањето на гасот се случило во градинка на „Виале Чертоса“, предизвикувајќи паника кај вработените и родителите. Покрај децата, во болница се пренесени и четворица возрасни – двајца наставници и двајца родители кои во тој момент се наоѓале во просториите. Здравствените работници веднаш по пристигнувањето ги евакуирале сите присутни во тријажна соба за да ги проценат симптомите и потребата од дополнителна терапија. Експертските единици за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. На 20.02.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.

Повеќе

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска одржаа конференциски состанок со претставници на Европската Комисија како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти. Исто така на состанокот беа вклучени и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и евроинтеграции од земјите од Западен Блакан, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. На состанок се разговараше за надминување на проблемите со кои се соочуваат транспортерите во земјите на Шенген зоната како и изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците.…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Тв на прашањето дали продолжува трендот на намален број на сообраќајни прекршоци откако е воведен системот Безбеден град, упати честитки до македонските граѓани бидејќи како што посочи, се што се сака и се може. „Македонските граѓани докажаа дека од 120.000 прекршоци кои беа детектирани од страна на овие паметни камери кога започна да функционира Безбеден град во рамки на тест периодот, успеавме таа бројка да ја намалиме на нешто помалку од 500 прекршоци на првиот ден од воведувањето на системот. И во текот на 02.02.2026 фактичката…

Повеќе

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.К.(27), И.Ф.(22), Б.А.(18), П.К.(20) и М.М.(38), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Ноќеска во 02:00 часот во близина на Граничен премин Богородица, при обид за илегален излез од државата, полициски службеници лишија од слобода седум странски државјани , од кои пет лица од Пакистан, а двајца од Индија. По извршени проверки во оперативната евиденција е констатирано дека тие претходно оствариле влез во државата на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.   

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на Владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции. Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на билатералната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес. Претседателката нагласи дека остануваме целосно посветени на членството во ЕУ и стопроцентно усогласени со заедничката безбедносна и надворешна политика на Унијата. Таа го реафирмираше ставот дека евроинтеграцијата на Балканот e стратешка потреба за…

Повеќе

Градски автобус целосно изгоре рано утринава во солунското предградие Синдос, откако во него избувнал силен пожар додека сообраќал на својата редовна линија. Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, инцидентот се случил на автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Во моментот кога се појавил пламенот, во возилото имало тројца патници и возачот. За среќа, сите четворица успеале навреме да го напуштат автобусот пред огнот целосно да го проголта. Иако противпожарната служба веднаш интервенирала, возилото е целосно уништено. Грчките власти веќе спроведуваат истрага за да се утврдат причините за самозапалувањето на автобусот, кое предизвика краток застој во сообраќајот на овој дел од автопатот.

Повеќе