Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: ДУИ две децении не донесоа Закон за правична застапеност, вчерашната драма е покривање на сопствениот срам

    ВЛЕН: ДУИ две децении не донесоа Закон за правична застапеност, вчерашната драма е покривање на сопствениот срам

    05.06.2026 во 15:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ДУИ повеќе од две децении не го донесоа Законот за правична и соодветна застапеност. Вчерашната драма е обид за покривање на сопствениот срам, изјави Шабан Ајллајбегу на прес-конференција.

    За првпат, правичната и соодветна застапеност станува законско решение. ВЛЕН после 25 години од Охридскиот рамковен договор законски го решава ова прашање. Не со крпеници, не со импровизации, а уште помалку со алатки што денес ги има, а утре ги нема, туку со закон. Правичната застапеност и вработувањето на албанците во јавниот сектор повеќе нема да биде предмет на политички пазарења или партиски желби. Од овој момент вработувањето на албанците во јавниот сектор е законска обврска.

    ВЛЕН побара овој закон да оди со Бадентер, затоа што ова не е прашање на една партија. Ова е прашање што ги засега Албанците, другите заедници и мултиетничкиот карактер на државата. И тоа помина.

    „Сега се обидуваат сопствената врева да ја продадат како грижа за Албанците. Но Албанците добро ја знаат разликата. Овие манипулации одамна им се прочитани.

    Кога беа на власт, ниеден чекор не го преземаа за да го донесат законот. Сега, кога законот се донесува, се прашуваат зошто се донесува. Јасно е зошто им е криво. Тие за 25 години не го направија, а ние го правиме за 25 месеци.
    ДУИ треба да одлучи, дали ја подржува правичната застапеност гарантирано со закон или не? Толку е едноставна одлуката што треба да ја донесат.
    Правичната застапеност не се брани со драми и навреди. Не се брани, со манипулации и со политички игри. Се брани со закон, со механизми и со одговорност.

    Правичната и соодветна застапеност не е политички подарок, ниту услуга што некој им ја прави на Албанците. Таа е уставно право, принцип од Охридскиот рамковен договор, но до денес никој немаше храброст да ја претвори во закон. ВЛЕН го прави тоа“, соопштија од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.