Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: На СДС му смета сè што е во корист на државата и меѓународниот дипломатски успех

    ВМРО-ДПМНЕ: На СДС му смета сè што е во корист на државата и меѓународниот дипломатски успех

    06.06.2026 во 10:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На СДС му смета се што е во корист на државата. Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и му пречи и дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна порака дека државата има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од, како што ги нарекуваат, фронтранерите Црна Гора и Албанија.

    Државата бележи и друг успех на меѓународен план, кој е постигнат благодарение на посветената и неуморна работа и активност на македонската дипломатија. За прв пат Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за мандатниот период 2027-2029 година. Со ова Македонија ќе биде дел од едно од главните тела на системот на Обединетите нации.

    Додека пак, нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија за 2025 година, испраќа важна политичка порака и потврдува дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава посветена на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО.

    Покрај тоа, имаме заедничка изјава со ЕУ во делот на одбраната и безбедносната политика, завршен е пост-мониторингот со Советот на Европа што е потврда дека ги исполнуваме сите демократски капацитети.

    Македонската дипломатија посветено работеше и на полето за зацврстување на билатералните односи со државите и во тој правец се потпишаа стратешки договори со моќни европски и светски држави како САД, Обединетото Кралство, Хрватска, Унгарија.

    Од друга страна, по долги години се стави крај на неработењето, коленичењето, понижувањето и потчинувањето на македонската дипломатија пред други држави, особено и во делот со Бугарија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша Ратификување на договор со Бугарија за реализација на Коридорот 8, што е од клучно значење за Европа, регионот и самиот Балкан.

    Додека едните само се сликаа на автопатиштата со маички и си делеа провизии од анексите за работа на коридорите, додека потпишуваа бланко листови за да останат ден повеќе на власт на штета на македонските интереси, ВМРО-ДПМНЕ работи на достоинственото претставување на државата и со конкретни чекори кои даваат реални ефекти и резултати, посветено работи на евроинтегративниот процес.

    Додека некои со предавнички однос кон државата и поданички кон странски држави, Владата на ВМРО-ДПМНЕ со државнички однос постигнува напредок кој денес го поздравуваат голем број претставници на земјите членки на ЕУ.

    Сето ова е постигнато со многу труд, многу работа и голема посветеност Македонија достоинствено да се претставува на меѓународен план. Се работеше долго и напорно, без многу фалење, далеку од очите на јавноста и на крајот донесе конкретни и видливи позитивни резултати за Македонија.

    Овој успех на македонската дипломатија и напредок на државата не го гледаат само СДС и Венко Филипче, кои под поимот успех и реформа, подразбираат само промена на Уставот и внесување на Бугарите, со крајна цел редефинирање на македонската историја по бугарски терк“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.