- Филмска брканица на автопатот кон Скопје: Со „мерцедес“ удрил во дрво и побегнал, во возилото пронајдени 12 мигранти
- Трагедија во Ресенско: Пронајден починат маж покрај превртен трактор
- Мицкоски: Македонија се соочува со сериозен проблем со демографијата
- Николоски и Софронијевиќ разговараа за брзата пруга на Коридор 10 и гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија
- Филипче: Власта ја троши иднината на младите додека младите ги пакуваат куферите
- Филипче: Единствен виновник за блокираниот европски пат е Мицкоски
- Мажите во Македонија во просек умираат на 72,2, а жените на 76,6 години
- Мицкоски: Блиску сме до носење одлука државата преку АД ЕСМ да го финансира и гради проектот Чебрен и Галиште
Author: Author 04
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници кои имаат обврска за поднесување месечни пресметки за интегрирана наплата (МПИН) дека пресметките доставени по електронска пошта се обработуваат, но поради зголемениот прилив на МПИН пресметки, од моментот на доставување до нивната обработка и добивање на декларацијата, просечно поминува еден работен ден. Со цел побрза и поефикасна обработка, УЈП ги охрабрува даночните обврзници да поднесуваат само една МПИН пресметка и да не ја испраќаат истата повеќепати. Повеќекратното доставување не го забрзува процесот, туку создава дополнително оптоварување и го успорува текот на обработката. Од УЈП апелираа даночните обврзници да имаат разбирање и да почекаат…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оддаде почит по повод 154-годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев. Денес го одбележуваме денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, човек којшто оставил нераскинлива трага и денес се сеќаваме и исполнуваме на неговото дело коешто го направил и за македонскиот народ но и за Македонија како држава, но и генерално за сите граѓани, рече Мицкоски. „Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот, јас би рекол е епска, за жал прерано го загубил својот живот на 31 година, имал уште многу што да каже доколку преживеел, но за…
Естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахна, предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин планира да испрати стотици илјади поранешни војници, меѓу кои затвореници и силувачи, за да предизвикаат хаос низ Европа по евентуален прекин на огнот во Украина. Цахна предложи целосна забрана за влез на руските борци во Шенген зоната, како одговор на плановите на Кремљ за хибридна војна. „Русија веќе користи различни луѓе за да ги нападнат нашите општества, но кога ќе има мир, стотици илјади поранешни борци ќе дојдат во Европа. Тие дефинитивно не доаѓаат со добри намери да плаќаат даноци, туку да извршуваат напади. Тие имаат лошо…
Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднесе вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното Јавно Обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа, во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари. Бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе од двојно споредбено со 2024 година, кога бeше поднесена 91 кривична пријава, при што најголем дел од поднесените кривични пријави, дури 80 проценти, беа евидентирани од октомври. За неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги се спроведени истраги и поднесени се седум…
На 04.02.2026 околу 00:30 часот на ул.„Едип Папранику“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато ги лишиле од слобода А.Л.(28) и А.Л.(23) двајцата од Дебар. Претходно, тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со неколку други лица, при што А.Л.(28) со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, а потоа побегнале. Набргу, по преземени мерки, било запрено патничко возило „опел корса“, управувано од 28-годишниот А.Л., а сопатник бил 23-годишниот А.Л. и при извршени проверки е констатирано дека 28-годишниот возач го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека…
Страотен инцидент се случил во училиште во рускиот град Краснојарск, кога ученик во осмо одделение вооружен со чекан нападнал свои соученици и подметнал пожар. Според првичните информации на руските медиуми, во нападот има повеќе повредени лица. Како што пренесува „РИА Новости“, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи, ученикот прво фрлил запалена крпа во една од училниците, а потоа со предмет кој личел на чекан почнал да удира дел од учениците. „Пет деца и еден наставник се повредени во нападот во училиштето во Краснојарск“, потврди извор за агенцијата ТАСС, додавајќи дека за среќа нивните животи не се во опасност. Напаѓачот…
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата држава.
Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален илузионизам и да веруваме дека совршен закон на хартија е крајот на патот, треба да се фокусираме на напорна работа во годините пред нас – да изградиме институции што дишат, што се адаптираат и што им…
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД. Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на…
Вчера во 20:30 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Д.(26) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
