- Метео-предупредување: УХМР најавува сончево и топло, попладне можни пресврти
- Николоски во Солун на средба со Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е врвен приоритет за поврзување со Косово
- Ковачки: Македонија денес е побезбедна
- Почина 5-годишно момче кое се удави во базен во Јаши
- Земјотрес од 3 степени го погоди грчкиот остров Крит
- Итна изјава од семејството на Меси: Таткото на фудбалерот е под медицински надзор
- Наставник осуден на доживотен затвор за убиство и свирепо малтретирање на посвоено бебе – Хорор во Велика Британија
- Не одете на море во Грција без ова: Едно парче хартија и мал предмет во багажникот можат да ви го уништат одморот
Author: Author 04
Семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска изнесоа сериозни обвинувања за обиди за влијание врз судската постапка. Пред почетокот на денешното рочиште, Јулија Златкова, мајка на трагично загинатиот Томас Златков, алармираше дека сведоци на Обвинителството се соочуваат со притисоци. Според наводите на семејствата, во затворот се овозможувало користење на мобилни телефони за комуникација со сведоци преку апликацијата „Вибер“, со цел да се влијае врз нивните искази. Златкова побара итна реакција од институциите за проверка на овие тврдења и на сите комуникации поврзани со случајот. „Трагедијата во ‘Пулс’ претставува ‘геноцид врз една млада генерација’, предизвикан од алчност, корупција и…
Вчера во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Тројца мажи се здобиле со сериозни изгореници по силна експлозија што се случила вчера попладне во селото Враново кај Смедерево. Инцидентот се случил околу 16 часот во дворот на семејна куќа, кога повредените се обиделе да исечат боца со кислород. Според првичните сознанија на истрагата, мажите верувале дека боцата е празна, но при обидот да ја пресечат со дупчалка, дошло до детонација на преостанатиот гас. Поради тежината на повредите, тие итно биле пренесени на лекување во Белград. „Се сомнева дека експлозијата се случила кога тројцата мажи се обиделе да исечат боца со кислород. Се претпоставува дека мислеле дека боцата е…
Страшна трагедија ја потресе италијанската општина Лука, откако четири члена на едно семејство беа пронајдени мртви во нивниот дом во Поркари. Жртвите се таткото Арти Кола (48), мајката Јонида (43), нивниот 22-годишен син Хајдар и 15-годишната ќерка Џесика. Првичните информации укажуваат дека причина за смртта е истекување на јаглерод моноксид, најверојатно од неисправен бојлер. Алармот го покренала нивна роднина која не успеала да стапи во контакт со нив. По пристигнувањето на карабињерите и кршењето на вратата, тие се соочиле со драматична сцена и четири безживотни тела. Роднината која била со нив се онесвестила од гасот и е пренесена во болница…
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Б. (34) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана. Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Денешниот ден носи динамична енергија која бара трпение и дипломатија. Додека Месечината во Вага се обидува да ги смири страстите, квадратот на Меркур со Уран може да предизвика избрзани зборови и ненадејни пресврти. Овен: Менталната напнатост ве тера на брзи одлуки. Денес фокусирајте се на слушање наместо на акција за да ја задржите потребната рамнотежа. Бик: Можни се тензии околу финансиите и работата. Не реагирајте од инат под притисок, Месечината во Вага ќе ви помогне да најдете соодветен компромис. Близнаци: Вашите мисли се распрснати. Наместо конечни одговори, поставувајте прашања за да избегнете големи недоразбирања со околината. Рак: Ве вознемируваат информации…
Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи сподели стручна анализа за решавање на проблемот со енормното загадување на воздухот во Македонија. Повикувајќи се на истражувањата на неговиот татко, проф. д-р Тало Груевски, тој посочува дека клучот лежи во промена на начинот на кој се подготвуваат дрвата за греење, кои се одговорни за 65-70% од вкупното загадување. Според предлогот, потребни се два итни чекори: задолжително „откоренување“ на дрвото веднаш по сечењето и негово правилно сушење до влажност од 15-20% пред продажбата. Груевски појаснува дека кората содржи 20 пати повеќе пепел и најопасни хемиски материи, додека влажното дрво испушта до 11 пати…
Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжува доказната постапка за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица. Пред судијката Дијана Груевска Илиевски денеска треба да сведочат пет лица предложени од Обвинителството, вклучително и законски застапници на оштетените. Процесот го одбележаа дебати меѓу одбраната и обвинителството околу целисходноста на постапката. Адвокатот Петре Шилегов побара преиспитување на обвинението за дел од обвинетите, повикувајќи се на информации од ОЈО ГОКК за запирање на постапки против службени лица. „Од Обвинителството се контрадикторни за ист настан и исти околности против службени лица. За мене извесен е исходот со ваквиот…
Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(35) од Охрид. По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така,…
Луѓето што вчера протестираа против проектот “Безбеден град”, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС уште од почнување на тест перидот на проектот “Безбеден град” беа против имплементација на истиот, поради нивни причини кои не заслужуваат ниту коментар. Но, она коешто е сомнително е како баш овие кои протестираат за да возат без возачки, имаат слика во кампања на СДС и нивниот носител на ИЕ 2 Оливер Спасовски. СДС да одговори дали стои зад оние кои вчера бараа да возат без возачка…
