Author: Author 04

Едно барање до ChatGPT преку моделот GPT-4o троши околу 0,43 Wh електрична енергија, што, со 700 милиони барања дневно, претставува годишна потрошувачка на енергија еквивалентна на потрошувачката на 35.000 американски домаќинства, количината на вода за пиење доволна за потребите на 1,2 милиони луѓе и емисиите на јаглерод диоксид што би биле неутрализирани од шума со големина на Чикаго. Секоја интеракција со ChatGPT се базира на огромна физичка инфраструктура: сервери што трошат електрична енергија, системи за ладење што трошат вода, чипови направени од ретки метали, бакарни кабли и силиконски плочки што ги поврзуваат сите овие процеси во една мрежа, според најновото…

Повеќе

По периодот на релативно стабилно време, Македонија влегува во фаза на променливи временски прилики. Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи кои ќе започнат уште в недела, а поради продор на постудена воздушна маса, на многу места дождот ќе премине во снег. Според УХМР, в недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, додека на планините во северозападните делови се очекува првиот нов снег. Понеделник носи поинтензивни врнежи, особено во југоисточните делови на земјата. „Поради продорот на студениот бран, врнежите од дожд ќе почнат да преминуваат во снег и на некои од повисоките места“, информираат метеоролозите.

Повеќе

Од ТППЕ Охрид информираа дека денеска интервенирале по разорна експлозија во куќа во охридското село Велгошти. Велат дека експлозијата била предизвиката од зголемена концентрација на плин. „Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и жена која е преземена од екипите на Брза помош“, велат од ТППЕ Охрид.

Повеќе

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко. На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците. Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна. Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на…

Повеќе

СВР Велес поднесе кривична пријава против малолетник од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.01.2026 малолетникот на социјална мрежа упатувал навреди и закани, информираа од МВР. 

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во ексклузивно интервју за француската телевизија „Франс 2“ порача дека опстанокот на Украина е под директен удар, но изрази силен оптимизам дека мирот е можен во рок од десет до дванаесет месеци. Зеленски беше дециден во својата оценка за рускиот лидер, тврдејќи дека Владимир Путин нема страв од европските лидери. „Путин не се плаши од Европејците. Путин се плаши само од Трамп, тоа е факт. Што Трамп има да му каже на Путин не е моја работа“, изјави Зеленски. Тој нагласи дека иако го поддржува американскиот ентузијазам за ставање крај на војната преку компромис, Украина нема…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.П.(64) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во семејниот дом, пријавениот упатувал закани на неговата 60-годишна сопруга и неговиот 40-годишен син, при што оштетил дел од покуќнината. 

Повеќе

Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско, пријави дека на 03.02.2026 околу 13:00 часот во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот девер Д.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вишото јавно обвинителство во Зајечар повторно го достави обвинението против Дејан Драгиевиќ и Срѓан Јанковиќ за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ. Ова се случува откако судот претходно го врати предметот на доработка за „подобро разјаснување на состојбата“. Иако телото на малото девојче сè уште не е пронајдено, обвинителството е децидно дека собраните докази се доволни за судски процес. Осомничените се товарат дека на 26 март 2024 година ја удриле Данка со службено возило, по што наместо помош, ја усмртиле и ја фрлиле на депонија. Во случајот е опфатен и Радослав Драгиевиќ, таткото на еден од осомничените, кој се товари…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти „веројатно ќе оди во рајот“. „Навистина мислам дека ќе стигнам таму. Не сум совршен кандидат, но направив многу добро за совршени луѓе“, рече Трамп за време на говорот на Молитвениот појадок во хотелот Вашингтон Хилтон, објави CNN. На настанот на кој присуствуваа неколку членови на Претставничкиот дом и Сенатот, Трамп рече дека „се шегува“ за својот „пат до рајот“. Тој тврдеше дека често избира да биде „саркастичен“ во комуникацијата со медиумите, велејќи дека се обидува да се потсмева на начинот на кој се известува за неговите изјави. Трамп го нарече републиканскиот…

Повеќе