Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Од следната недела очекуваме значајно намалување на цените на горивата

    Мицкоски: Од следната недела очекуваме значајно намалување на цените на горивата

    15.06.2026 во 14:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на нафтените деривати следната недела ќе доживеат значајно намалување, како резултат на падот на цените на светските берзи по постигнатиот договор меѓу САД и Иран, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

    Тој појасни дека актуелните одлуки на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се базираат на берзанските движења од минатата седмица. Затоа, во моментов се очекува дизелот да остане на исто ниво или да се коригира за половина денар, додека кај бензините е можно благо зголемување од денар и пол до два денари, по што ќе следи пад.

    Мицкоски ги соопшти овие предвидувања одговарајќи на новинарски прашања по свеченото отворање на фабриката „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени во Битола:

    „Цените на нафтените деривати почнаа од денеска да се намалуваат, а одлуката која што би требало да ја донесе РКЕ се однесува за минатата седмица. Според нашите калкулации, бидејќи престанува да важи кризната состојба, бидејќи договорот е постигнат, очекувам цените да се движат тука во рамките на половина денар и исти да останат кога станува збор за дизел-горивата и околу денар и пол до два денари зголемување кај бензините. А следната недела очекувам значајно намалување, бидејќи од денеска цените на берзите за нафтата и нафтените деривати, драматично опаднаа. Ги следев патувајќи кон Битола, се движат некаде околу 82,83 долари за барел. Така што следната недела очекувам поголемо и позначително намалување“ – истакна Мицкоски.

    Премиерот потенцираше дека Македонија и понатаму останува земја со најниски цени на горивата во регионот, што се забележува преку зголемениот промет на пограничните бензински станици.

    „Тоа особено се чувствува тука во Битола. Има бензински станици каде што 50 проценти е зголемен прометот од страна на граѓаните од нашиот јужен сосед. Така што, овие три месеци, би рекол, прилично достоинствено ги издржавме. Во ниту еден момент не дозволивме да имаме каква било рестрикција на бензинските пумпи, не го ограничивме извозот, напротив, ги отворивме нашите порти за граѓаните од соседните земји да точат и кај нас горива“ – додаде тој.

    Според неговите зборови, државата обезбедила доволно количини на горива, кои во просек биле поевтини за половина евро по литар во споредба со соседите.

    Мицкоски заклучи дека доколку договорот меѓу САД и Иран стави дефинитивен крај на војната која ја предизвика енергетската криза, земјава може да биде задоволна од начинот на кој менаџирала со предизвикот.

    „Не очајувавме, не свикувавме панични прес-конференции, туку работевме и еве дојдовме до оваа цел“ – рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.