Author: Author 04

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва по седницата на Централниот комитет ги соопшти имињата на новиот Извршен комитет (ИК) на партијата. Клучната промена е на позицијата генерален секретар, каде досегашниот Ѓорѓија Сајкоски е заменет со пратеникот Драган Ковачки.Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека Централниот комитет донел одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, којшто претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во…

Повеќе

Драган Ковачки е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа одлука беше донесена на вечерашната седница на Централниот комитет на партијата, како дел од процесот за кадровско доекипирање и зајакнување на партиските структури.

Повеќе

Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој се осврна на актуелните економски политики, за растот и развојот во државата како и за многуте капитални инвестиции кои ќе продолжат да се реализираат во насока на подобрување на животот на секој еден граѓанин. „Покрај тоа што се стабилизираат јавните претпријатија кои беа огромни загубари во изминатиот период, се најде начин заедно со Владата да се влезе во соработка да набават 150 нови автобуси за ЈСП коишто ќе се движат на електричен погон, 40 нови камиони за Комунална хигиена. Ние одлучивме да…

Повеќе

Нема одложување во воведувањето на системот за влез и излез од Европската Унија. EES мора да биде целосно функционален во април, потврдија хрватското Министерство за внатрешни работи и Европската Унија за RTRS. Единственото суспендирање ќе биде можно откако системот ќе биде целосно функционален, и за време на големи застои, кога секоја земја ќе има право да суспендира за одреден временски период. Туристичките организации од земјите од регионот велат дека се очекува застој за време на првите празници и дека EES не е толку функционален како што тврдеше Европската Унија. Преговорите меѓу превозниците ќе продолжат следната недела, исто така поради проблеми…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто – мото сојузот на Македонија. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, со задржување на снег на коловозот на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци и тоа до 80 метри на патот Штип – Неготино кај Серта, до 50 метри во Крушево, до 100 метри на планинскиот премин Стража и до 50 метри кај Маврово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На…

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави видео на својата платформа Truth Social во кое Барак и Мишел Обама, поранешниот претседател и прва дама на САД, се прикажани како мајмуни. Видеото, кое го сподели доцна синоќа, е насочено кон неговите обвинувања за измама за време на изборите во 2020 година, објави Дејли Меил. Видеото, генерирано со употреба на вештачка интелигенција, ги прикажува лицата на поранешниот претседател и поранешната прва дама надредени на телата на мајмуните, придружени со песната „The Lion Sleeps Tonight“ од The ​​Tokens. Видеото потекнува од сметка на мрежата X што го поддржува Трамп, но претседателот го објави повторно…

Повеќе

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска од Абу Даби испрати јасна порака во врска со мировните преговори за Украина. Тој нагласи дека Европската Унија не го затвора патот за дипломатија со Москва, но инсистира на единствен и координиран пристап, отфрлајќи ја можноста за водење тајна или паралелна дипломатија. Мерц, кој е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, го поздрави тековниот преговарачки процес во Абу Даби, каде што моментално се одржува втората рунда трилатерални разговори меѓу Украина, Русија и САД. „Секако, секогаш сме подготвени за разговори со Русија. Ако можеме да придонесеме овие разговори да бидат уште поуспешни, ќе го сториме…

Повеќе

Европската комисија предложи нов, јубилеен 20-ти пакет санкции против Русија, со цел тој да биде усвоен до 22 февруари – денот кога се одбележува четвртата годишнина од почетокот на војната во Украина. Претседателката Урсула фон дер Лајен истакна дека фокусот овојпат е ставен на енергетиката и прекинување на алтернативните канали за плаќање. Главна цел на новиот пакет е т.н. „флота во сенка“. ЕУ планира да додаде уште 43 бродови на црната листа, со што вкупниот број санкционирани танкери ќе се искачи на 640. „Нашите санкции функционираат. Фискалните приходи на Русија од нафта и гас во 2025 година се намалија за…

Повеќе

Владата на Република Србија на денешната седница усвои заклучок со кој наложи да се намали целиот износ на сметката за граѓаните кои во текот на јануари поради снежни врнежи биле без струја повеќе од 24 часа континуирано. Ова се однесува на граѓаните што живеат во административните области Бор, Златибор, Моравички, Мачва, Колубара и Заечар, се вели во соопштението од Владата на Србија. Заклучокот ги обврзува компаниите Електрорежа Србија и Електродистрибуција Србија да им обезбедат на снабдувачите со електрична енергија податоци за областите каде што имало прекини на електричната енергија во јануари оваа година, како и податоци за крајните корисници на…

Повеќе

Најмалку две лица го загубија животот во снежна лавина што денеска го погоди планинскиот масив Високи Татри во северна Словачка. Несреќата се случила околу 11:00 часот во долината Зломишкова, лоцирана во подножјето на врвот Тупа. Полициската управа на регионот Прешов потврди дека жртвите се странски државјани, но нивниот идентитет засега се чува во тајност додека трае истрагата. „Полицијата интензивно работи на разјаснување на околностите на несреќата. Поради специфичната ситуација на теренот, во овој момент не можеме да споделиме повеќе детали“, соопштија словачките власти преку агенцијата TASR. Спасувачките екипи остануваат на терен, а истражните органи работат на утврдување на причините кои…

Повеќе