Author: Author 04

Кај двајца од професионалните војници кои неодамна беа примени во АРМ бил евидентиран случај на шуга, објави ТВ „24“. „По дијагностицирањето, војниците се изолирани и тие се упатени на домашно лекување согласно важечките здравствени протоколи. Веднаш се преземени соодветни превентивни мерки со цел спречување на евентуално ширење на болеста. Дополнително, спроведен е епидемиолошки надзор од страна на стручни лица од воено медицинскиот центар, при што се постапува согласно нивните стручни насоки и препораки. Ве информираме дека пред приемот на професионалните војници и почетокот на обуката обезбедени се сите предуслови за сместување, престој, живот и работа во единицата“, велат од Армијата за…

Повеќе

СДС и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа се потврди и овој пат со проектот „Безбеден град“. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат. Изминатиов период јавност беше сведок како активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, дивееја по македонските градови за да продолжат за возат без возачки дозволи, и јавно се…

Повеќе

Одбивањето на ВМРО да го прифати предлогот на СДСМ за ребаланс на буџетот за обезбедување пари за минимална плата од 600 евра е уште една потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, се вели во соопштението од СДСМ. „Нема веќе изговори, сè е јасно како ден. Владата ги избра луксузите на владините функционери и криминалните тендери наместо работниците кои едвај врзуваат крај со крај. Со ова се потврдува дека цело време СДСМ е конструктивна опозиција но владата на ВМРО ништо не прифаќа. Не прифати предлог за покачување на минималната плата, не прифати Анкетна за…

Повеќе

Утринските мерења на УХМР покажуваат дека Попова Шапка е најстуденото место во државата со измерени нула степени, додека најголемо количество воден талог во изминатите 24 часа е регистрирано во Крушево – 27 литри на метар квадратен. На Попова Шапка висината на снежната покривка во моментов изнесува 55 сантиметри. Според официјалните податоци, значителни врнежи се забележани и во Охрид и Лазарополе (23 л/м2), Тетово и Маврови Анови (22 л/м2), како и во Скопје каде се измерени до 10 литри. Температурите до 08:30 часот се движеа од 2 степена во Берово и Крушево, до 7 степени во Охрид и Гевгелија. Времето во…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива во зимски услови и по влажни коловози. Според последните информации, густа магла значително ја отежнува видливоста на неколку клучни патни правци. Најкритично е на патниот правец Гевгелија – ГП „Богородица“, каде видливоста е намалена до 60 метри. На планинскиот премин Стража и во регионот на Маврово, маглата ја ограничува видливоста до 100 метри. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е со умерен интензитет, а на граничните премини нема подолги задржувања. Упатена е препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и внимателно управување со возилата низ котлините…

Повеќе

Денешното време во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло за овој период од годината. Според синоптичарите, претпладне се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, додека во одредени котлини ќе има појава на магла. Поинтензивни врнежи се очекуваат кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. На повисоките планини во северозападниот регион врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој на места во западните делови повремено ќе засилува. Температурите ќе се движат од минимални 2 до максимални 18 степени. Во Скопје се очекува слична состојба…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска упати остри критики до военото раководство, оценувајќи го функционирањето на воздухопловните сили во одредени региони како „незадоволително“. Оваа реакција доаѓа по серијата масовни напади со беспилотни летала кои сериозно ја оштетија критичната инфраструктура. Студената зима во Источна Европа дополнително ја отежнува ситуацијата, бидејќи оштетувањата на далноводите и системите за греење оставаат илјадници граѓани без струја и вода. Зеленски по разговорите со министерот за одбрана најави итни мерки за зајакнување на штитот над цивилните области, иако конкретните чекори остануваат воена тајна.

Повеќе

Јована Алексиќ од Србија, која се бори со меланом во напредна фаза, ќе биде првата личност во светот што ќе започне третман со новата руска персонализирана вакцина против рак. Веста ја потврди д-р Сергеј Бољевиќ од Универзитетот „Сеченовск“ во Москва, појаснувајќи дека не станува збор за клиничко испитување, туку за директен третман. Процесот на подготовка на вакцината започнува во понеделник во познатиот Институт „Гамалеја“. Третманот е специфичен по тоа што секоја доза е персонализирана – се создава врз основа на генетските податоци од клетките на туморот на самиот пациент. Лекот ги учи имуните клетки на пациентот да ги препознаваат и…

Повеќе

Пејачката Милица Тодоровиќ проговори три дена по породувањето со изјава поради прашината што се крена во јавноста откако беше откриен идентитетот на таткото на нејзиното дете. Имено, откако сè уште законската сопруга на непознат маж проговори и откри дека тој е во брак со неа и дека имаат две деца – настана хаос. Милица истакна дека поминува низ голем стрес што ниедна жена не треба да го доживее. И јас ги поминувам сите три дена како вистински пекол. Во животот на секоја жена има моменти кога ѝ треба само едно – мир. Да се ​​опорави. Да се ​​вразуми. Да го…

Повеќе

Белата куќа денеска беше принудена експресно да го повлече видеото кое претседателот Доналд Трамп претходно го сподели на својата мрежа Truth Social. Видеото, кое содржеше расистички сцени во кои Барак и Мишел Обама се прикажани како мајмуни, предизвика бура од реакции кај американската јавност, вклучително и кај дел од републиканците. Официјални лица од Белата куќа се правдаа дека објавата била „техничка грешка“ на вработен во персоналот. Иако портпаролката Каролин Ливит првично го бранеше видеото како обичен „интернет мем“ каде Трамп е претставен како „кралот на џунглата“, навредливите кадри со првата црна двојка во историјата на САД беа оценети како „неприфатливи“.…

Повеќе