Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицксоки: Се отвораат до 500 нови работни места, автомобилски гигант го сели целокупното производство од Турција и Словачка во ТИРЗ Тетово

    Мицксоки: Се отвораат до 500 нови работни места, автомобилски гигант го сели целокупното производство од Турција и Словачка во ТИРЗ Тетово

    16.06.2026 во 12:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја соопшти новата инвестиција на мултинационалната компанија „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово. Станува збор за бренд со повеќе од четири децении искуство во автомобилската индустрија, кој произведува безбедносни системи, контролни кабли и механизми за водечките светски автомобилски производители.

    Како што појасни премиерот, компанијата планира во Тетово целосно да го пренесе своето производство кое во моментов се реализира во Турција и Словачка. Инвестицијата ќе започне како „brownfield“ проект со закуп на постоечки објект од 8.000 квадратни метри, со план капацитетите да се прошират до 21.000 квадратни метри до 2028 година. За периодот од 2026 до 2030 година, планираниот влог изнесува околу 20 до 21 милион евра.

    Според бизнис-планот, со овој проект ќе се отворат помеѓу 400 и 500 нови работни места кога компанијата ќе го достигне полниот капацитет, а годишниот извоз се очекува да достигне до 45 милиони евра.

    Премиерот истакна дека одлуката на странскиот инвеститор да ги пресели своите погони во земјава покажува сигурност и стабилност во економските текови.

    „Кога една странска компанија носи одлука дел од своето производство да го пресели токму тука кај нас, тоа значи дека препознала сигурност, предвидливост и јасна економска перспектива“, истакна Мицкоски.

    Тој додаде дека доаѓањето на нови компании и проширувањето на постојните капацитети ја позиционираат земјата на европската индустриска мапа, нагласувајќи ја стратегијата на Владата за реален економски развој.

    „Ние не градиме економија заснована на задолжувања и статистички трикови. Градиме економија која се потпира на производство, инвестиции, извоз и реален економски раст. И затоа денешната инвестиција на „Џаво Отомотив“ е уште еден показател дека се движиме во вистинска насока“, порача премиерот Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.