Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Oтстранети се околу 60 ученици поради препишување на државната матура

    Јаневска: Oтстранети се околу 60 ученици поради препишување на државната матура

    16.06.2026 во 13:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Овогодинешната државна матура е спроведена во најдобар ред, со значително намален број на случаи на препишување, изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарски прашања, таа оцени дека организацијата била на високо ниво и дека повеќето од матурантите испитите ги полагале совесно.

    Министерката потенцираше дека новиот начин на организација и полагањето во поголеми простории дале позитивни резултати во спречувањето на манипулациите за време на тестирањето.

    „Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир, организирана така како што треба, во најголем дел во големи простори, каде што учениците немаа можност да прибегнат кон нелегални дејства“, рече Јаневска.

    Таа додаде дека бројот на матуранти кои биле санкционирани и отстранети од училниците е многу помал во споредба со претходните години, што според неа е показател за сериозен напредок во процесот.

    „Од двата испитни термина отстранети се шеесетина ученици, што покажува дека има одличен напредок во спроведувањето на матурата“, нагласи министерката.

    Сите ученици кои биле фатени во обид да препишуваат веднаш биле исклучени од процесот. Како што информираше Јаневска, овие ученици ја изгубиле можноста за оцена во овој рок, но ќе можат повторно да ги полагаат испитите во следниот термин, односно во август.

    Министерката за образование и наука дополнително појасни дека годинава е имплементиран нов пристап во тестирањето, кој овозможил два типа на матура прилагодени на наставните планови и програми. Според нејзината оценка, со оваа промена е отстранета досегашната нерамноправност која постоела меѓу учениците во средното образование.

    Прочитај повеќе

    Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани

    29.10.2026 во 12:41

    Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија

    29.10.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.