- Русија со предупредување: Србија е цел на сценарио за промена на власта по моделот на Евромајдан
- Вучиќ: Силниот не е оној што никогаш не паѓа, туку оној што секој пат станува
- Тетовчанка подолг период правела лажни машки профили на социјалните мрежи
- Заминал за Италија па му се запалила куќата во Македонија
- Изнајмил автомобил од рент-а-кар, па му го одзеле со закана и го продале: Две лица заработија кривични
- Заострување на казните и поголема старосна граница: Се менува Законот за воведените електрични тротинети
- Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото
- (ФОТО) Тажна вест: Почина познатиот пејач Алекс Буено
Author: Author 04
Вчера во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за сообраќајна полиција, при денешниот преглед на автобус што превезувал организиран превоз на деца во Јагодина, откриле неколку неправилности, што довело до отстранување на возилото од сообраќај, а против возачот и организаторот на превозот се преземени законски предвидени мерки, соопшти српското МВР. „Со инспекцијата е утврдено дека организаторот на превоз не поднел барање за преглед на автобусот, како и дека возилото превезувало повеќе патници од дозволеното. Исто така, возачот не ги исполнува пропишаните услови за организиран превоз на деца, бидејќи не поседувал важечко лекарско уверение, тахографски листови, квалификациска картичка за возачи, ниту договор…
На 07.02.2026 во 02:10 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.И.(30) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И., при што било констатирано дека Д.И. не поседува возачка дозвола. На 06.02.2026 во 20:45 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.И.(20) од село Возарци, кавадаречко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.И., при што било констатирано дека возилото…
На 07.02.2026 во 00:58 часот на ул. „7 Ноември“ во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.Ј.(52) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,97 промили алкохол во крвта. На 06.02.2026 во 21:50 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на Струга, лишен од слобода е И.М.(37) од Струга. Тој, управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна несреќа, а по преземени…
Вчера во 11:25 часот во СВР Битола, 76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да и го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше за засилување на градежните работи на неколку клучни сообраќајни точки во Скопје, кои со години беа закочени или останаа само на ветувања. Според неговите информации, во изминатата недела се работи со висок интензитет на неколку локации кои се од витално значење за протокот на сообраќајот. „На клучката кај ‘Момин Поток’ се работи со полна пареа“, истакна Ѓорѓиевски, посочувајќи дека динамиката е видлива и на улицата „Љубљанска“, која е од огромно значење за жителите на општина Карпош. Паралелно со овие активности, напредуваат и градежните работи на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба. Ѓорѓиевски ја…
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе обвинувања дека огромно мнозинство од неодамна запленетата дрога е поврзано со структури на СДСМ. Според неговите зборови, од вкупно 27 тони запленета материја, над 19 тони потекнуваат од фирмата „ЦБД Медплант“. Петрушевски посочи дека формален сопственик на фирмата е Христијан Котев, но тврди дека реално со неа управува неговиот татко Тони Котев, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село. Пратеникот додаде дека фирмата добила лиценца за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година, во времето на владата на Зоран Заев и Венко Филипче. „Струмичкиот нарко картел се…
Македонија влегува во период на променливо време под влијание на серија влажни воздушни бранови. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на планините ќе преминат во снег. Вистинската промена се очекува на почетокот на следната седмица. „Поради продор на постуден воздух в понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места“, информираат од УХМР. Утрешното време ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд претпладне, додека на планините на северозапад ќе паѓа снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен…
Вчера Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.Д.(33), М.Д.(29) и С.Е. (25), сите од Скопје, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, предвидено и казниво по член 394 став 1 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, предвидено и казниво по чл.396 од КЗ. Во рамките на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа…
