Close Menu
Press24
    Најново

    Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите

    29.10.2026 во 08:11

    Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови

    29.10.2026 во 08:07

    Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови

    29.10.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Измени во законот: Секој граѓанин кај матичниот лекар ќе се изјаснува дали донира органи по смртта

    Измени во законот: Секој граѓанин кај матичниот лекар ќе се изјаснува дали донира органи по смртта

    16.06.2026 во 15:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе даде изјава дали се согласува или не по неговата смрт да биде дарител на органи и ткива заради лекување, а таа изјава ќе се евидентира во листата во националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин.  Законот предвидува и можност граѓанинот во секое време да ја промени својата одлука.

    Со овие измени, првпат државата ќе има попрецизна слика за подготвеноста на граѓаните, како и за нивото на информираност и доверба кон органодарителството.

    Истовремено, со предложените измени се проширува и кругот на живи дарители, така што покрај досегашните сродници ќе бидат опфатени и други сродници во странична линија до четврти степен, односно и првите братучеди, при што се задржува заштитниот механизам преку етичката комисија, која ќе ја проверува доброволноста на чинот и отсуството на принуда.

    Дополнително, се предвидуваат и други решенија за олеснување на постапките, вклучително и поедноставување на административно-техничките чекори во делот на утврдување и потврдување на мозочната смрт.

    „Со ова законско решение правиме важен чекор кон систем во кој волјата на граѓанинот ќе биде јасно изразена, поцврсто заштитена и подоследно почитувана.  Чинот на органодарителство ќе произлегува од слободна и информирана одлука. Во исто време, со проширувањето на кругот на живи дарители создаваме нови можности за лекување, секогаш во строги медицински, етички и законски рамки“, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

    Прочитај повеќе

    Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите

    29.10.2026 во 08:11

    Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови

    29.10.2026 во 08:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.