- Русија со предупредување: Србија е цел на сценарио за промена на власта по моделот на Евромајдан
- Вучиќ: Силниот не е оној што никогаш не паѓа, туку оној што секој пат станува
- Тетовчанка подолг период правела лажни машки профили на социјалните мрежи
- Заминал за Италија па му се запалила куќата во Македонија
- Изнајмил автомобил од рент-а-кар, па му го одзеле со закана и го продале: Две лица заработија кривични
- Заострување на казните и поголема старосна граница: Се менува Законот за воведените електрични тротинети
- Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото
- (ФОТО) Тажна вест: Почина познатиот пејач Алекс Буено
Author: Author 04
Нови детали излегуваат во јавноста за киднапирањето на победникот на „Икс Фактор“, Даниел Кајмакоски. Нападот се случил додека пејачот се приближувал до своето возило, при што двајца мажи му впериле пиштол и го однеле во непознат правец надвор од српската престолнина. Според информациите од истрагата, киднаперите биле турски државјани кои планирале изнуда на поголема сума пари. Драмата на автопатот кулминирала кога напаѓачите, во обид да им побегнат на полициските патроли, изгубиле контрола и удриле во заштитната ограда. Киднаперите биле турски државјани и барале откуп од 20.000 евра По несреќата Кајмакоски бил пронајден врзан, со видливи знаци на шок, но без…
Авион на компанијата „Wizz Air“, кој утрово сообраќал на линијата Скопје – Париз, принудно е пренасочен кон аеродромот во Брисел, откако екипажот прогласил вонредна состојба во текот на летот. Според податоците од „Flight RouteXplorer“, вонредната состојба била прогласена околу два часа по полетувањето, додека леталото се наоѓало над воздушниот простор на Луксембург. Станува збор за летот W64719, управуван од авион од типот „Airbus A321neo“. Екипажот веднаш го прекинал летот кон француската престолнина и се упатил кон аеродромот „Шарлроа“ во Брисел, каде што леталото безбедно слетало околу 7:30 часот по универзално време. Платформата „Flightradar24“ исто така потврди дека авионот наместо во…
Цела недела откако во соседна Србија беше запленета огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија нема одговори како поминала преку граница, велат од СДСМ. „Како е можно 5 тони дрога да поминат преку македонската граница без никој да понесе одговорност? Камери од „Сејф сити“, скенери, мобилна царина, контроли на граничните премини, ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од структури на власта, внатре во институциите. Од медиумите се дознава дека дека случајот во Србија е поврзан со сестринската партија на ВМРО- СНС како и со државни функционери. Уште колку тони дрога поминале…
Скандалот со запленетата дрога во Струмица, потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Над две третини од вкупно 27 тони дрога се поврзуваат со фирма која директно води до кадри и блиски соработници на СДС и кланот Заеви. Станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, формално заведена на името на Христијан Котев, а фактички контролирана од неговиот татко Тони Котев -М’гчев, поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и човек со длабоки бизнис-врски со Вице Заев и Гидан Колев. Според наводите, во период од 30 јуни до ноември 2025 година, оваа фирма има „испорачано“ дури 19…
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил цел на киднапирање синоќа околу 20:00 часот во Белград, пренесуваат српските медиуми. Според првичните информации, пејачот бил врзан и со примена на сила внесен во сопствениот автомобил. Напаѓачите, за кои се претпоставува дека се странски државјани, наводно барале откуп во износ од 20.000 евра. Драмата продолжила во правец кон градот Рума, каде киднаперите предизвикале сообраќајна несреќа. По судирот, сторителите побегнале од местото на настанот, оставајќи го Кајмакоски во возилото. Засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба, а се очекуваат детали од српското Министерство за внатрешни работи или официјално соопштение од тимот на пејачот за…
Македонија денеска ќе биде под влијание на променлива облачност и локални врнежи од дожд, додека на планините во северозападниот дел се очекуваат врнежи од снег. Според синоптичарите, претпладнето ќе биде нестабилно, проследено со слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Максималните температури денеска ќе се движат од 8 до 14 степени, додека утринските температури се спуштија до третиот степен. Во Скопје се очекува слично време со повремени врнежи од дожд претпладне и максимална температура до 11 степени. Вистинската промена на времето пристигнува со почетокот на работната недела. Поради продор на постуден воздух, веќе во понеделник дождот…
Центарот на Солун синоќа беше сцена на жестоки судири меѓу полицијата и група маскирани лица, кои започнале напад пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“. Билансот од повеќечасовните немири е еден повреден полицаец со изгореници, хоспитализирана девојка и над 300 приведени лица. Инцидентите започнале околу 2 часот по полноќ, кога група лица излегле од факултетот и почнале да фрлаат молотови коктели кон единицата за разбивање немири. При нападот, еден полицаец се здобил со изгореници на главата и вратот, а оштетени се и повеќе паркирани возила во околината. Полицијата одговорила со употреба на зашеметувачки гранати, солзавец и водени топови. Поради интервенцијата, главниот…
Тешка сообраќајна несреќа ја потресе западната област на Непал, каде во пад на автобус од планински пат живот го загубија најмалку 13 лица. Според првичните информации од локалната полиција, во несреќата се повредени уште 34 патници. Трагедијата се случила синоќа во близина на селото Будгаун, на околу 500 километри од главниот град Катманду. Автобусот, кој превезувал сватови од прослава, излетал од коловозот и се тркалал околу 200 метри низ стрмна падина. „Повредените се итно пренесени во болници, додека телата на загинатите се извлечени од целосно уништениот автобус“, информираат од полицијата во округот Баитади. Спасувачките екипи со часови работеле во екстремно…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во…
Специјални претставници на американската администрација, предводени од Стив Виткоф и Џаред Кушнер, интензивно лобираат за постигнување мировен договор меѓу Украина и Русија со амбициозен рок до март оваа година. Според извори на Ројтерс, планот вклучува и одржување на национален референдум и избори во Украина набргу по постигнувањето на договорот. Иако Вашингтон брза да го затвори ова прашање пред фокусот на претседателот Трамп да се сврти кон домашните избори во ноември, на терен остануваат сериозни пречки. Територијалните спорови околу Донбас и статусот на нуклеарната централа Запорожје се главните точки на кочење. Дополнително, се споменува дека Москва го отфрлила предлогот централата да…
