Author: Author 04

Денеска нè очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови на земјата. Според УХМР, во овие региони се очекува да наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен. Поради продор на постудена воздушна маса, во текот на денот дождот ќе преминува во снег на планините, но и на некои од повисоките места. Температурите ќе се движат од минимални 0 до максимални 11 степени. Во котлините се очекува појава на магла, а ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Во Скопје времето ќе биде слично – облачно со дожд и температура до 8 степени.

Повеќе

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0 Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(29), Б.Л.(22) и двајца 16-годишници, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. објави Скопје1.мк

Повеќе

Вчера во 22:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 65-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговите два сина, а и физички го нападнал едниот син. Констатирано е дека 65-годишникот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Една од најдобрите спортистки на сите времиња, Американката Линдзи Вон, се обиде да биде посилна од својата повреда и возраст, и да се натпреварува на последните Зимски олимписки игри во својата кариера, но доживеа неверојатен пад, по што мораше да биде изнесена со хеликоптер. Можевме да видиме ужасни сцени во Италија, каде што се обиде да биде посилна од сите проблеми и повредата што ја претрпе само пред десет дена, кога ги скина лигаментите. Сепак, не поминаа ниту неколку секунди, а за време на еден скок таа слета незгодно и само се струполи. Паузата траеше долго, а додека другите трчаа…

Повеќе

Постојат луѓе во чие присуство сè изгледа полесно, а проблемите како да исчезнуваат. Според астролозите, два знака во Зодијакот се вистински „магнети“ за позитивни околности и добра среќа. Стрелец – Вечниот оптимист со помош од Јупитер Нивната тајна лежи во владеењето на Јупитер, планетата на просперитетот. Стрелците имаат неверојатна способност да ја видат пошироката слика и да не очајуваат. Кога сте во нивно друштво, светот изгледа полн со можности, а вашиот оптимизам природно расте. Лав – Сончевата енергија што го осветлува патот Под заштита на Сонцето, Лавовите зрачат со топлина и сигурност. Тие не само што имаат среќа, туку со…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува промена на времето од утре, со променлива облачност и врнежи од дожд во поголем дел од земјата. Посебно предупредување е упатено за југозападните делови, каде се очекува да паднат над 15 литри на метар квадратен. На повисоките места, дождот ќе премине во снег, а во котлините се очекува појава на магла, што дополнително ќе ја намали видливоста. Поради најавениот умерен до засилен ветер, се препорачува зголемена внимателност за сите учесници во сообраќајот. Од УХМР додаваат дека следната седмица носи дополнително заладување и нови врнежи кои ќе ги зафатат и планините и дел од повисоките…

Повеќе

Денеска полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(21) од Албанија. Околу 01:55 часот на излез од Гевгелија кон автопатот А1, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при контрола било утврдено дека во возилото превезува пет лица мигранти, од кои четири од Египет и еден од Судан. По документирање на случајот, ќе биде поднсена соодветна пријава.

Повеќе

Ноќеска во 01:31 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Б.Г.(19) од Делчево. При контрола во сообраќајот на ул.„Светозар Марковиќ“ во Делчево, полициски службеници запреле мотоцикл, управуван од Б.Г. и по извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,81 промили алкохол во крвта. Покрај тоа, констатирано е дека не поседува возачка дозвола. Лицата се задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице успеало да измами две жителки на Струмица да дадат пари, кои наводно биле за операции на нивна ќерка или снаа, О.В.…

Повеќе