Author: Author 04

Во Хаг денеска започна изнесувањето на завршните зборови во случајот против Хашим Тачи и неговите најблиски соработници. Додека обвинителството инсистира на максимална казна од 45 години затвор, тврдејќи дека Тачи водел насилна кампања за преземање на власта, одбраната на поранешниот претседател останува на ставот дека тој немал реална команда над локалните воени водачи. Клучни детали од обвинението: -Над 100 убиства и стотици злоупотребени лица. -Околу 50 импровизирани логори низ Косово. -Елиминација на наводни „соработници“ на српските сили и политички ривали. Одбраната на Тачи ќе ги даде своите завршни зборови во среда, обидувајќи се да докаже дека структурата на ОВК била…

Повеќе

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри обвинувања до поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека се директно вплетени во случаите со запленетата марихуана. Според Петрушевски, паничните реакции на Заев на социјалните мрежи се јасен доказ дека тој се чувствува „разоткриен“. „Факт е дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе блиски до Заев. Станува збор за Тони Котев (М’гчев), поранешен претседател на СДС во Ново Село, кој тесно соработува со Вице Заев. Владата на СДС креираше правила по своја мерка за да доделува бизниси на свои…

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе тешки обвинувања за работењето на згаснатото Специјално јавно обвинителство, повикувајќи се на сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу. Според Манасиевски, СЈО наместо институција на правдата, било „партиски штаб на СДС“ каде се кроеле политички прогони. „Сведоштвата на Кадриу потврдуваат дека Зоран Заев, Радмила Шекеринска и советници на Оливер Спасовски биле најчести гости кај Катица Јанева. Тие носеле ‘бомби’ напишани на ливчиња, без записници, а обвинителите Ристоска и Бубевски противзаконски ги преземале. Овие ‘специјални гости’ диктирале кој да биде гонет, а кој изземен од истрагите“, истакна Манасиевски. Тој додаде дека Катица…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 2.2.2026 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,235 ден/кг и сега ќе изнесува 33,650 ден/кг.Од 10.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -…

Повеќе

Судењето за случајот со несовесно лекување на Клиниката за онкологија денеска продолжи со клучни сведочења на медицински експерти од Словенија. Вештакот Маја Радник од Медицинскиот факултет во Марибор пред судот изнесе поразителни наоди по анализата на 51 медицинско досие на пациенти. Од 51 случај, само во еден бил забележан запис од мултидисциплинарен конзилиум, што е задолжително при промена на терапија. Во голем број наоди било забележано дека пациентот добивал лек, а воопшто немало запишана анамнеза, ниту извршен клинички преглед.Кај најголем дел од пациентите не биле забележани дури ни основни параметри како телесна висина и тежина, кои се неопходни за правилно…

Повеќе

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“. Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале. С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е…

Повеќе

Времето утре променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

Повеќе

За една седмица констатирани 4991 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за брзо возење 4674 Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4674, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани…

Повеќе

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство. Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за…

Повеќе

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја бранува јавноста со тврдењето дека во 1999 година, за време на НАТО бомбардирањето врз СР Југославија, тогашниот американски претседател Бил Клинтон побарал од Будимпешта да отвори копнен фронт против Србија. На состанок во Сомбатели, Орбан детално опиша како Вашингтон барал унгарската војска да изврши инвазија од север или барем да отвори оган преку Војводина кон Белград. Според неговите зборови, тој лично му одговорил со „Не, господине!“ на Клинтон, посочувајќи на опасноста за 300.000 Унгарци кои живеат во Србија. „Да имавме премиер кој знаеше само да каже ‘Да, господине’, ќе бевме во војна до врат“, заклучи…

Повеќе