Author: Author 04

Најновиот извештај на Регистарот на цени и закупнини за четвртиот квартал од 2025 година покажува значително заживување на пазарот на недвижности во Македонија. Регистрирани се вкупно 9.283 трансакции, што е за 964 повеќе во споредба со претходниот квартал. Од нив, 1.004 се новоизградени станови, а дополнителни 27.522 објекти се во фаза на градба. Највисоката цена за метар квадратен е евидентирана во општина Центар. „Во овој квартал најголема постигната цена на стан по метар квадратен е од 182.404 денари, односно во висина од 246.171 евра за вкупна површина од 83 метри квадратни кој се наоѓа на територијата на административна општина Центар“,…

Повеќе

Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион, велат од СДСМ. „За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании, како што велат, се потребни околу 200 милиони евра. „Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени за работниците. Со решението на СДСМ, преку ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, службени возила, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за…

Повеќе

На синоќешното гостување на „Само вистини со Видиновски“ на Канал 5 телевизија, пратеникот Петар Ристески говореше за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, а тоа е зголемување на животниот стандард и платите. „Приоритет ни е економскиот развој, подобрување на животот на граѓаните и секако повисоки плати, што и го докажавме на дело не само на зборови. И тоа беше наше предизборно ветување и гледате секаде онаму каде се појавува владата како работодавец се зголемени платите, во здравството, во образованието, 10% повеќе во МВР, кај социјалните работници и вчера бевте сведоци каде Владата се договори со синдикатите САДУ и УПОЗ за зголемување…

Повеќе

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утрово ја започна најавената серија блокади, целосно затворајќи ги влезовите на Собранието и главната улица пред законодавниот дом. Ова е почеток на поширока акција на синдикатот со која се инсистира на итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарен пораст на останатите плати за 100 евра. Од ССМ порачуваат дека пратениците се директно одговорни за застојот на законските измени. „Со блокадата ќе биде испратена порака до пратениците дека тие се оние кои го блокираат законот за зголемување на минималната плата повеќе од една година и кои не сакаат да ја прифатат иницијативата…

Повеќе

Вчера во 15:30 часот на ул.„Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Џ.(69) од Гостивар. При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот. По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува…

Повеќе

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и оправда пред јавноста. На Заев и СДС одамна веќе никој не им верува а неговите објави на социјалните мрежи и нервозните…

Повеќе

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска во 9 часот започнува со блокада на пристапите до Собранието, поточно на улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“. Со овој чекор, синдикатот го изразува револтот кон институциите кои, според нив, повеќе од една година го кочат зголемувањето на минималната плата и не ја прифаќаат иницијативата за намалување на функционерските плати. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека блокадата е порака до пратениците кои остануваат „глуви“ на нивните барања. „Пратениците се уште се прават глуви на иницијативата на ССМ за зголемување на минималната плата и на останатите плати за 100 евра, како и за…

Повеќе

Овен Денес кај Овните љубовта се доживува подлабоко и без потреба од докажување. Можна е потреба за повлекување, а ѕвездите порачуваат дека „ранливоста не е слабост“. Месечината во Стрелец носи олеснување во текот на денот. Бик Социјалните врски добиваат понежен тон. Кај Биковите се јавува чувство на поврзаност што тешко се објаснува, додека „Венера во Риби ве учи да давате без очекување“. Близнаци На работното место е потребна поголема емпатија. Денес кај Близнаците „начинот на кој зборувате е поважен од самата порака“, а Месечината во Стрелец поттикнува искрен дијалог. Рак Раковите ќе почувствуваат надеж и духовна поддршка. Љубовта е тесно…

Повеќе

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје. Како што информираат од МВР, денеска (10.02.2026) од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Р.С. Македонија на улица „11-ти Октомври“ и улица „Даме Груев“ и доколку, како што велат, се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Повеќе