Author: Author 04

Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Корените на ова верување се врзуваат за Јуда, кој го предал Исус Христос и бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Дури и денес, во многу култури се смета за лош знак ако на една маса седат точно тринаесет луѓе. Колку овој број се смета за „баксузен“ покажува и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излези (gates), па дури ни седишта во авионите под овој број. Ако сте суеверни, постојат неколку непишани правила кои треба да ги почитувате на овој ден за да ја „избркате“ лошата среќа. Стравот од…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности за доградба на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода. Проектот опфаќа нови 560 метри квадратни, кои според најавите, треба да бидат ставени во функција со почетокот на новата учебна година. Мицкоски истакна дека изградбата и реконструкцијата на образовните објекти се во центарот на политиките на оваа Влада. „Задоволство е секогаш кога правиме увид на ваков тип на проекти. Тоа е дел од суштината на политиките кои ги води оваа Влада и добро е што десетици вакви објекти, заедно со градинките, се градат низ цела држава“, изјави премиерот.…

Повеќе

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради посета на претседателот на Косово, Курти Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Повеќе

На денешната 84. седница, Собранието официјално ја констатираше оставката на Лулзим Алиу од функцијата заменик-министер за образование и наука. Алиу, кој е кадар на коалицијата „Вреди“, својата одлука ја најави уште на 19 јануари, посочувајќи дека се повлекува од политичката позиција поради лични и професионални причини. Во дописот до премиерот Христијан Мицкоски, тој образложи дека во овој период планира целосно да и се посвети на академската кариера. „Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истражувачко-научна работа, како и посветеност…

Повеќе

Претстојната сабота православните верници ја одбележуваат Задушница, ден во кој Црквата и верниците се молат за покој на душите на починатите. Овој ден е секогаш во сабота, бидејќи токму саботата е денот што Црквата го одредила за спомен на сите упокоени. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и…

Повеќе

Православните верници претстојната сабота го слават Свети маченик Трифун, празник кој во македонската народна традиција означува почеток на пролетните активности во земјоделството. Светецот, кој настрадал на само 21-годишна возраст, останува запаметен како покровител на лозарите, градинарите и меанџиите. Свети Трифун е роден околу 225 година во малоазиската област Фригија. Уште во детството се истакнал со способноста да лекува болни, а неговата слава станала империјална кога на 17-годишна возраст во Рим ја излекувал Гордана, ќерката на царот Гордијан. И покрај славата и даровите кои им ги разделил на сиромасите, тој завршил маченички за време на прогоните на царот Децие. Празникот е…

Повеќе

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето. Промената ќе се случи во последната недела од март, кога стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред. Официјалното преминување на летното време е на 29 март. „Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот“,. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во…

Повеќе

Сплитско-далматската полиција при претрес на дом во областа на Макарска пронајде и конфискуваше голема количина на опасно и нелегално оружје кај 43-годишен маж. Станува збор за арсенал кој спаѓа во категориите А и Б, чие поседување е строго забрането или подлежи на посебни дозволи кои лицето не ги поседувало. Според официјалните информации, заплената вклучува автоматско и полуавтоматско оружје, како и значително количество муниција. „Пронајдени и конфискувани се две автоматски пушки со седум придружни рамки, полуавтоматска пушка, 431 парче муниција за пушка, два пиштоли, како и 255 парчиња муниција за пиштол и гасен пиштол кој не бил пријавен“, пренесуваат хрватските медиуми.…

Повеќе

Пјер Волник (37), легенда на екстремните спортови, почина за време на ужасен пад пред претстојното првенство каде што требаше да ја брани својата титула! Според светските медиуми, несреќата се случила вчера на голема надморска височина. Волник, кој беше еден од најдобрите летачи со „крилско одело“ на планетата, скокнал од планина, но набрзо следел ужас – во критичен момент механизмот на падобранот откажал. Несреќниот спортист удрил на земјата со голема брзина, службите за итна помош веднаш се упатиле на местото на настанот, но немало начин да го спасат. Лекарите можеле само да го прогласат за мртов, а неговото тело подоцна било…

Повеќе

Податоците на Агенцијата за вработување (АВМ) за изминатата година потврдуваат континуиран тренд на намалување на бројот на невработени лица во државата. Според последните статистички извештаи, во ноември 2025 година се регистрирани 90.278 невработени, што претставува најниска бројка во последните неколку години. Падот е константен низ целиот последен квартал. Во август бројката изнесувала 95.032 граѓани, за веќе во октомври да се спушти на 94.729, додека во ноември е евидентирано најзначајното намалување. Дополнително, во категоријата „други лица кои бараат работа“ моментално се пријавени 42.614 граѓани. Географски гледано, најголема концентрација на невработеност има во главниот град, но и во неколку поголеми центри: Министерот…

Повеќе