- Претседател и секретар во Валандово правеле лажни клубови и записници за натпревари – Кривични пријави за измама во Валандово
- Петрушевски: Филипче прифаќа диктати од Бугарија само за да дојде на власт
- МВР ги смени правилата: На полицајците им се дозволува носење уредна брада и тетоважи на рацете
- Одржана петтата седница на Националниот совет за развој, во фокусот стратегијата до 2044 година
- Полицијата стопираше „мерцедес“, возачот веднаш приведен, возилото одземено
- Стружанец се повредил со харпун додека рибарел во Охридското Езеро
- Викендов сонце и локална нестабилност, од понеделник следува пресврт
- Почина еден од обвинетите во случајот „Пулс“ – главен инспектор во ДПИ
Author: Author 04
Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид. Производи опфатени со повлекувањето се: · APTAMIL AR…
Француското правосудство објави шокантни детали за случај кој ја згрози светската јавност. Обвинителството во Гренобл трага по дополнителни сведоци во истрагата против 79-годишен маж, поранешен наставник, кој е обвинет за силување и сексуална агресија врз најмалку 89 малолетни лица. Злосторствата се случувале во период од неверојатни 55 години (од 1967 до 2022 година). Обвинетиот, чие име не се открива поради истрагата, ги користел своите ангажмани како наставник за да патува и да демне жртви во девет држави на неколку континенти, вклучувајќи ги Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, Колумбија и Нова Каледонија. „Ова е случај со невидени размери кој…
Сообраќајната полиција , како членка на европската асоцијација се приклучува на во кампањата за автобуси и товарни возила која ќе се спроведува од 9 до 15 февруари, соопшти МВР. Фокус ставаме на безбедноста во сообраќајот и заштитата на сите учесници во сообраќајот. Контролите ќе бидат насочени кон оваа категорија на учесници во сообраќајот и тоа на: техничката исправност на автобусите и товарните возила, почитување на законските услови за превоз на деца, проверки на возачите пред организирани училишни, образовни и рекреативни патувања. Дополнително, засилените контроли ќе ги опфатат и сите учесници во сообраќајот, со акцент на: пречекорување на дозволената брзина, возење…
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. „Овој закон претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. Клучни измени во Предлог-законот: • Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот. • Засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието. • Зајакната транспарентност на работата на Советот, преку јавност…
На 09/10.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиja од слобода Е.А.(30) од Куманово и 17-годишна малолетничка од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и С.Р.(37) од Виница, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека се предмет на сторено кривично дело кражба. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица e пријавено дека околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во рудник во Македонска Каменица, со тешки телесни повреди се здобил Б.А.(26) од село Моштица, општина Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од ОВР Делчево и рударски инспектор.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.С.(35) од струшкото село Ложани, вработен во спортска обложувалница во селото Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 04.01.2026, тој со парите од дневниот промет уплаќал тикети, по што заминал без да им предаде промет на колегите. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари.
Вчера во 09:20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во затвореното одделение во установата, при извршен претрес кај вработено лице, бил пронајден и одземен мобилен телефон, кој не бил негова сопственост. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати жестоки обвинувања до поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека бизнисот со медицинска марихуана бил само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Според Петрушевски, неодамнешната заплена на околу 40 тони марихуана потврдува дека дрогата завршувала на црниот пазар наместо во медицински цели. Тој посочи дека дури 70% од запленетото количество, односно 30 тони, потекнуваат од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, која според него е директно поврзана со структури на СДСМ. „Основач на оваа компанија е Христијан Котев, син на Тони Котев – М’гчев, човек…
