Author: Author 04

На патниот правец Куманово – Скопје, кај клучката Хиподром, воведена е девијација поради сообраќајна незгода, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Особено внимание е потребно поради намалена видливост од магла. На планинскиот премин Плетвар видливоста е до 100 метри, на Стража до 80 метри, додека во Крушево е најкритично со видливост до само 30 метри. На Попова Шапка се бележат слаби врнежи од снег кои не се задржуваат на патот. Прекин на сообраќајот денеска ќе има на патот Скопје – Македонски Брод преку „Јасен“ во следните термини:…

Повеќе

Македонија денеска се наоѓа под влијание на променлива облачност која во попладневните и вечерните часови ќе донесе повремени локални врнежи од дожд. Според синоптичарите, на повисоките планини се очекуваат врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Термометрите ќе се движат во интервал од 6 до 12 степени, додека минималната температура ќе се спушти до 1 степен. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со дожд во попладневните часови и кон крајот на денот. Максималната температура во главниот град ќе изнесува 11 степени. Стабилно време не…

Повеќе

Владина делегација во состав Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваа во работна посета на Париз, каде остварија средби со високи претставници на УНЕСКО. На средбите со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, претседателот на 43-та Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал…

Повеќе

Пред преполните простории на МВР во кои се сместени рекордните 40 тони запленета марихуана, премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошковски денеска го означија почетокот на досега најголемата пресметка со „канабис-бизнисот“. Според министерот Тошковски, ова е само прва фаза од истрагата која открила дека неколку фирми произведувале и чувале марихуана целосно надвор од законските протоколи. „Имаме прилика да ги видиме овие 40 тони марихуана кои се незаконски третирани. Сега се тука, во безбедни простории, и ќе послужат како клучен доказ во постапката“, истакна Тошковски. Премиерот Мицкоски додаде дека овие „планини од дрога“ се директен резултат на лошите политики од минатото…

Повеќе

Дали некогаш сте се нашле во дилема што да му купите на партнерот, пријателот или колегата? Ѕвездите имаат одговор! Додека Скорпиите и Јарците паѓаат на престиж, а Водолиите на технологија, другите знаци имаат сосема поинакви желби. Овен и Лав: Љубители на внимание и убавина За Овенот, се што е поврзано со косата и спортот е полн погодок. Лавот, пак, бара хедонизам – брендирана облека, златен накит или билети за премиера. Тие сакаат да се чувствуваат посебно. Бик, Рак и Вага: Сензуалност и емоции Овие знаци го ценат допирот и атмосферата. За Бикот изберете добро вино или квалитетен паричник. Ракот ќе…

Повеќе

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци, Б.Н., 69-годишен кавадарчанец, пријавил дека во периодот од 24.01.2026 до 08.02.2026 било пукано кон неговиот дом во Кавадарци и бил оштетен ѕид, а на терасата биле пронајдени две испукани дијаболи – појаснија од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје донесе фрапантни заклучоци од словенечкото медицинско вештачење за случајот „Онкологија“. Вештото лице Маја Равник од Марибор, по анализа на 51 медицинско досие, укажа на систематско кршење на сите медицински протоколи на Клиниката. Лекот „Оксалиплатин“ се давал како монотерапија, иако тој нема дејство ако не е во комбинација со други цитостатици. Равник оцени дека ваквата терапија е дадена само „про форма“. Кај пациенти во терминална фаза, наместо палијативна нега, се аплицирала агресивна хемотерапија која директно водела кон побрз фатален исход. Пациенти истовремено примале имунотерапија за стимулација на имунитетот и кортикостероиди (поради ковид) кои го инхибираат…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека СДСМ во наредниот период ќе предложи повеќе законски решенија за помош на граѓаните, меѓу кои ќе има и законско решение за намалување на цените на патарините, како дел од поширок пакет мерки за олеснување на трошоците на граѓаните. „Во следните недели ќе излеземе со предлог на повеќе закони согласно нашите вредносни политики од повеќе области, со што во еден од законите ќе побараме и намалување на цените на патарините, како уште еден механизам да им се излезе во пресрет на граѓаните“, рече Филипче. Филипче…

Повеќе

Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот. Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека заматеноста во изворот Шум е 28,56%, а максимално дозволена концентрација 1,5%. Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје Охрид информира дека се земени мостри за испитување, како од изворот така и од повеќе мерни места во градот и оти е видлив висок степен на обоеност и висока матност. „Земени се мостри од вода за испитување. Хлор имаше, но има висок…

Повеќе

Да се преземат активности за опремување на лаборатории со соодветна опрема со која ќе се овозможи испитување на што поголем број забранети и штетни супстанци во производите, апелира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во денеска објавениот  Конечен ревизорски извештај за Државниот санитарен и здравствен инспекторат за 2024 година. Ревизорите констатираат дека во делот на вршење на инспекциски надзор во постапки по барање на странка за увоз на предмети утврдени се состојби кои влијаат на квалитетот на инспекциската постапка. Фактот дека фактурите и здравствени сертификати се на повеќе странски јазици, според нив, создава ризик инспекторите целосно да не ја разберат нивната содржина и…

Повеќе