Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев најави коренити реформи: Крај за долготрајните ВД директори и кратење на членовите во управните одбори

    Минчев најави коренити реформи: Крај за долготрајните ВД директори и кратење на членовите во управните одбори

    19.06.2026 во 13:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Реформата во јавната администрација мора да започне од највисоките раководни позиции, бидејќи само професионални институции можат да испорачаат квалитетни услуги за граѓаните, истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

    За време на гостувањето во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ, тој појасни дека новото законско решение за високи раководители воведува целосно поинаков систем за избор на директори, државни секретари и други раководни позиции во најважните институции.

    Со новиот закон се предвидува воведување на јавни конкурси, повисоки критериуми, како и задолжително тестирање и проверка на компетенциите, со цел изборот на кадри да се базира исклучиво на квалитет и професионалност.

    Како една од долгогодишните слабости во државниот систем, Минчев ја посочи практиката на долготрајни вршители на должност, каде што одредени лица со години останувале на менаџерски позиции без спроведена целосна процедура.

    „Не може ВД директор да стане трајно решение. Вршител на должност мора да биде краткорочна состојба, а не начин за избегнување на јавен конкурс“, нагласи Минчев.

    Посебен сегмент од најавената реформа ќе опфати и сериозна рационализација на управните одбори во институциите, каде што се воведува ограничување и намалување на бројот на членови на три лица.

    „Имавме институции со пет, седум, девет членови на управни одбори. Прашањето е дали навистина толкав број луѓе се потребни за ефикасно управување или системот создавал непотребни трошоци“, рече Минчев.

    Како една од клучните алки во процесот, министерот го посочи новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој треба да се постави поефикасна и пофункционална структура на институциите.

    Од Министерството за јавна администрација додаваат дека крајната цел на овие реформи е создавање професионални институции, одговорни раководители и администрација која нема да биде товар, туку вистински сервис на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.