- Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни идискриминаторски одредби
- Најголемата спортска сала во Македонија станува Т Арена
- Мицкоски: Националната развојна стратегија е доказ дека државата почнува да функционира врз основа на јасна визија
- Стојаноски: Официјалните бројки потврдуваат раст на вработеноста за близу 17.000 лица во однос на 2024 година
- Малолетник во безсознание пренесен во болница – тврд предмет го удрило по глава кога се упатил кон тоалет
- Минчев најави коренити реформи: Крај за долготрајните ВД директори и кратење на членовите во управните одбори
- Паднаа градежен инспектор и раководител – едната се потпишала како градоначалник за да спаси дивоградба од рушење
- Претседател и секретар во Валандово правеле лажни клубови и записници за натпревари – Кривични пријави за измама во Валандово
Author: Author 04
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов и претставници на домашните винарии, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена. Настанот беше организиран во рамки на работната посета на Париз, со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за унапредување на економската дипломатија и зголемување на извозните можности на државата. Пред бројни гости од дипломатскиот кор, културниот и…
Македонија останува под влијание на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места се очекува да бидат пообилни. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Вистинска промена на временските прилики се очекува со почетокот на новата работна недела, кога во земјава ќе продре значително постудена воздушна маса од север. УХМР најавува пресврт: „Во почетокот на новата седмица се очекува продор на постуден воздух од север, проследен со засилен северен ветер. Поради заладувањето, врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег, и тоа не само на планините, туку и на…
Вчера во 20:25 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода Б.Ц.(33) од Република Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 од Кривичниот законик. Имено, при пасошка контрола при излез од државата, тој во неговата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник, со што го сторил делото. Албанскиот државјанин е задржан во Полициската станица Дебар и по целосно документирање на случајот, против него ќре биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Македонските превозници се соочуваат со засилени контроли во Шенген зоната, а последниот случај од пристаништето Росток во Германија е сериозен аларм за сите транспортни компании, соопшти Макам транс. Од Макам транс посочуваат дека денес во 14 часот ќе има состанок на работната група во Европска комисија во врска со донесување конкретни решенија во врска со шенген правилата за продолжен престој на професионалните возачи 90 во 180 дена. „По одржување на состанокот ќе имаме подетални информации во однос на кој начин ќе се регулира продолжениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната. Ви напоменуваме да внимавате и да ги проверувате деновите…
16 полицајци беа повредени за време на протестот на опозицијата во Тирана кога демонстрантите фрлаа молотови коктели кон канцеларијата на премиерот на земјата Еди Рама и зградата на парламентот, соопшти полицијата. Судирот ескалираше откако полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, објави RTSH. Протестот започна вчера околу 17:00 часот на булеварот „Дешморет е Комбит“, каде што претставници на Демократската партија, вклучувајќи го и лидерот Сали Бериша, одржаа говори и повикаа на народно востание против владата на албанскиот премиер Еди Рама. Потоа демонстрантите се упатија кон парламентот, каде што почнаа да фрлаат молотови коктели и кон зградата…
Синоќешниот земјотрес со магнитуда од 4,8 степени по Рихтер предизвика голема вознемиреност кај жителите на Тетово. На социјалните мрежи веќе кружат снимки на кои се гледа моментот на потресот, кој во тетовскиот регион беше почувствуван со значителен интензитет.
Македонските возачи кои патуваат во Австрија зимава треба да бидат исклучително внимателни со чистотата на своите возила. Австрискиот автомобилски клуб (ÖAMTC) предупредува на строги контроли и драконски казни кои започнуваат од 20 евра, но во одредени случаи можат да се искачат до неверојатни 10.000 евра. Законот за моторни возила во Австрија не прави разлика меѓу прекршоците, па нечитливата табличка или снег на покривот може скапо да ве чинат. Иако максималната казна се изрекува за кумулативни прекршоци, полицијата е ригорозна кога станува збор за видливоста. Експертите од ÖAMTC појаснуваат: „Ако ве запрат и не сте го исчистиле мразот од прозорците, светлата…
Планот од пет точки на Европската Унија за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го пишувањето на бриселскиот портал Политико за постоењето на таков план. Орбан изјави дека „Политико, официјалниот весник на бриселската елита“, го објави најновиот воен план на Брисел и Киев, кој, според него, е петточкестиот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува МТИ. Тие одлучија дека Украина ќе биде примена во ЕУ веќе во 2027 година, додаде Орбан. „Новиот план е отворена објава на војна против Унгарија. Тие се потсмеваат на одлуката на унгарскиот народ…
