Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прв уписен рок во средните училишта: Запишани 13.397 ученици, МОН објави каде веќе е завршен конкурсот

    Прв уписен рок во средните училишта: Запишани 13.397 ученици, МОН објави каде веќе е завршен конкурсот

    19.06.2026 во 16:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамките на првото пријавување за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година, од вкупно пријавени 15.075 ученици преку електронскиот систем, во првиот рок успешно се запишале 13.397 средношколци.

    Официјалните податоци на Министерството за образование и наука (МОН) покажуваат дека според јазикот на наставата, 9.813 ученици се запишани на македонски јазик, 3.357 на албански, 213 на турски и 14 ученици за настава на српски јазик.

    Гледано по структури, во гимназиското образование се запишани вкупно 4.278 ученици, додека во стручните насоки во јуни се запишале 8.910 ученици, на сите три наставни јазици. Во уметничкото образование (музичка уметност) се запишале 209 ученици, додека за ликовната уметност во тек е процесот на селекција.

    Поради пополнување на местата, конкурсот веќе е комплетно завршен во повеќе скопски и републички гимназии („Јосип Броз Тито“ – Битола, „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ – Скопје, како и во училиштата во Делчево и Пробиштип), но и во бројни стручни дефицитарни сектори во триесетина средни училишта низ државата.

    Во училиштата каде што ранг-листите покажале поголем број кандидати со идентични бодови, ќе се организира квалификациско тестирање, што веќе е потврдено за СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје.

    „Оваа учебна година беше потребно квалификациско тестирање во секторот здравство и социјална заштита, за квалификацијата фармацевтски техничар на албански наставен јазик во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје. Учениците ќе полагаат квалификациски испит по биологија и хемија, согласно наставната програма по биологија и хемија од осмо и деветто одделение, кој ќе се организира на 22 јуни 2026 година во истото училиште. Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификациско тестирање ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница“, се наведува во објавата на МОН.

    За сите неисполнети места, второто пријавување на учениците ќе се реализира електронски на 23 јуни, а за него преостануваат слободни вкупно 11.882 места.

    Доставувањето на документите во училиштата ќе биде на 24 јуни, а ранг-листата со дефинитивните резултати од овој круг ќе биде објавена на 25 јуни до 12 часот.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.