Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги

    29.10.2026 во 15:19

    Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош

    29.10.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
    • Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
    • Државата преговара за поевтин гас, в понеделник ќе се знае дали горивата ќе поскапат
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Германската поддршка за зелената транзиција продолжува, Хоџа на средба со новиот директор на ГИЗ

    Германската поддршка за зелената транзиција продолжува, Хоџа на средба со новиот директор на ГИЗ

    19.06.2026 во 16:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со заменик-амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Јан Аксел Вос, досегашниот директор на ГИЗ, Давид Оберхубер, и новиот директор на Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) за Северна Македонија и Косово, Маркус Делфс.

    На средбата, министерот Хоџа се заблагодари за континуираната поддршка што ГИЗ ѝ ја обезбедува на Северна Македонија во спроведувањето на реформите и проектите во областа на животната средина.

    Партнерството со германските институции е значаен придонес за заштита на природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, истакна министерот Хоџа.

    На средбата беа разгледани тековните проекти што се реализираат со поддршка на ГИЗ, како и можностите за проширување на соработката во областа на заштитата на животната средина.

    Соработката на одржливото управување со отпад, циркуларната економија, справувањето со климатските промени и унапредувањето на европската агенда, е од суштинско значење за Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Од своја страна, Маркус Делфс ја реафирмираше посветеноста на ГИЗ за поддршка на стратешките приоритети на Министерството и за натамошно зајакнување на соработката во проектите што придонесуваат за одржлив развој и зелена транзиција.

    Соговорниците ги оценија досегашните резултати од соработката како успешни и изразија подготвеност за интензивирање на заедничките активности во наредниот период.

    Прочитај повеќе

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.