- Драма на небото над Србија: Воени авиони пресретнаа патнички авион по тревога за експлозив
- Искористете го сонцето за викендот: Од понеделник следува пресврт
- МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Стратешките со износ од 18.000 денари, социјалните и за успех по 6.050 денари
- Приведени две лица во Скопје: Полицијата заплени пиштоли и муниција во Ченто и Центар
- Нова безбедносна тревога во Прага: Полицијата проверува девет авиони по дојави за поставени бомби
- МВР казни 43 возачи на камиони во Скопје
- Угостителите во Скопје ќе можат да фрлаат отпад до 1 часот по полноќ
- Инцидент во Охрид: Викал и дивеел на улица, па со стаклен предмет оштетил автомобил
Author: Author 04
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека првичните разговори во рамки на коалицијата за реконструкција на Владата се конструктивни и најави дека неделава тие ќе продолжат, а очекува во текот на викендот и да завршат. Ваквата изјава претседателот на Владата ја даде во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board). Во првите разговори преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тоа да бидат завршни, а во текот на викендот да се формализира сето тоа…
Времето утре под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.Во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе се одржи состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети, на кои ќе им упати порака дека е време да ги намалат цените на производите, со посебен акцент на основните прехранбени производи. Шефот на извршната власт потенцираше дека граѓаните досега покажале доволно толеранција и дека бизнис секторот сега е на ред да им се одолжи, додавајќи дека нема да се прифаќаат никакви изговори. Ваквата изјава премиерот ја даде во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (CEF). Па, денеска имаме во…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Данска, H.E. Перниле Дахлер Кардел, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес. Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на државата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија. Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и европски случувања, како и за важноста од зајакнување на партнерската соработка во насока на…
Агенцијата за вработување информираше дека од денеска е објавен Јавниот оглас за учество во програмата „Самовработување“. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да аплицираат, тоа ќе можат да го сторат во 30-те центри за вработување ширум земјава, а процесот ќе трае до 3. јули. Од Агенцијата посочија дека процесот на селекција се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови. Финансиската помош за започнување сопствен бизнис е распределена во неколку категории, со посебен акцент на поддршка на младите претприемачи. Висината на финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување на бизнисите, изнесува…
Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Петар Огњеновиќ, на денешната прес-конференција упати остри критики до извршната власт, оценувајќи дека по две години од владеењето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, младите луѓе во земјава изгубиле години и надеж. Според подмладокот на опозицијата, владејачката партија во предизборната „Платформа 1198“ ветувала намалување на иселувањето, повисок животен стандард, задржување на младите во државата и отворање на 70.000 нови работни места. Огњеновиќ нагласи дека биле ветени и конкретни мерки за поддршка во образованието, домувањето и претприемништвото, но дека по две години ништо од тоа не е реализирано. Од СДММ обвинуваат дека со блокирањето…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 23.06.2026 година (вторник), во периодот од 05.00 до 09.00 часот, поради изведување на технички активности, ќе биде воведен изменет режим на сообраќај на експресниот пат А4 Штип – Радовиш, на делницата од клучка Софилари до клучка Долани. Во наведениот период, полициските службеници од ПС за БПС Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Р1204 Штип – Радовиш. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да се придржуваат кон сообраќајните правила, прописи и…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да ги исполни бугарските барања во замена за политички поени. Според Петрушевски, додека Бугарија продолжува да го оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче ги релативизира ваквите позиции и создава простор за нивно прифаќање. Од владејачката партија посочуваат дека кај новиот лидер на СДСМ се пресликува истата политичка матрица како кај неговиот претходник Зоран Заев, но во уште порадикална форма. Во партиското соопштение се наведува дека за лидерот на опозицијата нема црвени линии ниту државни интереси кои не…
Најмалку три лица загинаа, а уште петмина се повредени при пукање што се случи во училиште во централниот дел на Филипините, соопштија од локалната полиција. Инцидентот се случил околу 9 часот наутро во Националната гимназија „Сан Хосе“ во градот Таклобан, лоциран во провинцијата Лејте, пренесува „4news.mk“. Надлежните полициски служби во моментов сè уште ги утврдуваат мотивите кои довеле до овој тежок напад. Полициските екипи веднаш излегле на терен со цел да се обезбеди просторот и да им се помогне на настраданите во гимназијата. „Жртвите веднаш беа префрлени во најблиските здравствени установи за лекување и неопходна медицинска помош“, се наведува во…
Најмалку три лица загинаа, а уште петмина се повредени при пукање што се случи во училиште во централниот дел на Филипините, соопштија од локалната полиција. Инцидентот се случил околу 9 часот наутро во Националната гимназија „Сан Хосе“ во градот Таклобан, лоциран во провинцијата Лејте. Надлежните полициски служби во моментов сè уште ги утврдуваат мотивите кои довеле до овој тежок напад. Полициските екипи веднаш излегле на терен со цел да се обезбеди просторот и да им се помогне на настраданите во гимназијата. „Жртвите веднаш беа префрлени во најблиските здравствени установи за лекување и неопходна медицинска помош“, се наведува во официјалното соопштение…
