Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Филипче ги релативизира бугарските позиции за да дојде до власт

    Петрушевски: Филипче ги релативизира бугарските позиции за да дојде до власт

    22.06.2026 во 11:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да ги исполни бугарските барања во замена за политички поени.

    Според Петрушевски, додека Бугарија продолжува да го оспорува македонскиот јазик, историја и идентитет, Филипче ги релативизира ваквите позиции и создава простор за нивно прифаќање. Од владејачката партија посочуваат дека кај новиот лидер на СДСМ се пресликува истата политичка матрица како кај неговиот претходник Зоран Заев, но во уште порадикална форма.

    Во партиското соопштение се наведува дека за лидерот на опозицијата нема црвени линии ниту државни интереси кои не би ги ставил на преговарачка маса доколку процени дека така полесно ќе дојде до власт. Пратеникот додаде дека Филипче не ја бара довербата од македонскиот народ, туку од оние структури кои со години вршат притисоци врз Македонија.

    ВМРО-ДПМНЕ порача дека заедно со граѓаните нема да дозволи повторување на сценаријата од минатото, потенцирајќи дека на државата и се потребни политичари кои ќе ги заштитат националните обележја.

    „Македонија нема потреба од политичари кои бараат власт преку национални отстапки, туку од лидери коишто знаат да кажат „не“ кога се загрозени македонскиот идентитет, јазик, култура и историја“, изјави пратеникот Бране Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.