Author: Author 04

Вчера лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување, возење под дејство на алкохол и нерегистрирани возила, од нив една малолетничка Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во кочанско, Куманово, Гостивар, струмичко, Струмица, Неготино и Кавадарци затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Гостивар и малолетничката во Кавадарци претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. По еден возач во Струга и Велес управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б…

Повеќе

Утрово во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража во с.Батинци,скопско, опожарени се три патнички возила – „ауди“ со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф 8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лица од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а при гаснење со повреда се здобил 48-годишен маж од Батинци. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно  паднала од автобусот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Трагичен исход се случи во Општата болница Чачак ноќта помеѓу 11 и 12 февруари кога 38-годишен маж почина во постоперативниот тек по хируршка интервенција. Според официјалното соопштение, смртта настапила „по операција на третиот крајник кај 38-годишен маж“, објави Министерството за здравство. Според достапните информации, пациентот долго време страдал од респираторни проблеми. Беше нагласено дека пациентот бил целосно информиран за потенцијалните компликации и дека се согласил на операцијата „свесен за ризиците од самата интервенција поради други придружни болести од кои страдал“. Поради фактот дека ова е втор смртен случај во истото одделение за краток временски период, Министерството за здравство реагираше итно.…

Повеќе

Страшна сообраќајна несреќа го потресе Сараево денеска, откако трамвај кој сообраќал на линијата кон Башчаршија излетал од шините и завршил на коловозот. Според официјалните потврди од босанското МВР, во несреќата загинало едно лице, а уште две се итно пренесени во болница со повреди. Несреќата се случила на прометна раскрсница во близина на Националниот музеј и американската амбасада. „Едно лице загина, а според првичните податоци две се повредени. На местото на настанот е излезен обвинител за да се утврдат причините за излетувањето“, потврди портпаролката на МВР, Мерсиха Новалиќ.

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска промовираше детален план со кој треба да се реши деценискиот проблем со паркирањето во кампусот „Мајка Тереза“. Според најавите, паркингот ќе биде дигитализиран, а цените ќе бидат поделени во четири категории за да се заштитат пациентите. Новиот ценовник ќе изгледа вака: Министерот најави дека граѓаните ќе можат од дома да резервираат паркинг место преку апликација со скенирање на својот упат, а плаќањето ќе биде онлајн, со картичка или кеш.

Повеќе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави: „Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу…

Повеќе

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава. На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола – Прилеп, Кичево -Гостивар (Стража) и Тетово -Гостивар. САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија во реформските процеси во државата, јакнење на институционалните капацитети, владеење на правото и борбата против корупцијата, беше истакнато на средбата. Стратешкото партнерство меѓу двете земји е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот, особено во услови на…

Повеќе

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина добија неочекуван пресврт за финската репрезентација во скијачки скокови. Главниот тренер, Словенецот Игор Медвед, е експресно дисквалификуван и испратен дома откако бил вклучен во инцидент поврзан со конзумирање алкохол, што се смета за грубо кршење на тимските вредности. Финскиот олимписки комитет реагираше брзо, нагласувајќи дека нема да толерираат вакво однесување во елитниот спорт. „Медвед веќе отпатува за Финска. Прекршувањето на правилата го сфаќаме многу сериозно. Нашата цел е спортистите да имаат мир за да можат да се фокусираат на натпреварите“, изјави Јане Ханинен, првиот човек на финскиот олимписки тим.

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе шокантни детали за функционирањето на згаснатото Специјално јавно обвинителство. Повикувајќи се на сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу, Манасиевски тврди дека СЈО не било ништо повеќе од партиски штаб на СДС, каде адвокатите на Зоран Заев директно ги убедувале обвинителите како да постапуваат. Манасиевски посочи дека дури четворица адвокати на Заев вршеле притисок за ослободување на лица од притвор за предметот „Пуч“. „Сведоштвата на Кадриу се доказ како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. Предметот ‘Пуч’ бил донесен во СЈО спакуван во фолија и веројатно така стои и денес –…

Повеќе