- Во стручните училишта двојно повеќе запишани ученици отколку во гимназиите
- Падна одлука: Илчо Ѓорѓиоски заминува во притвор
- Аларм во Африка: Епидемијата на ебола се шири, заразени десетици здравствени работници
- Брисел: Во октомври ќе се одржи стратешка расправа за пристапувањето на Западниот Балкан во ЕУ
- Драстично поскапување на влезот во Венеција – Новиот градоначалник предлага билет до 50 евра
- Заменик министерот Исени во работна посета на Граничниот премин Ќафасан – во фокусот воведувањето на системот „One Stop Shop“
- Судот пресече: 30 дена притвор за екс-претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски и финансиската раководителка
- Тетовчанка заработи кривична – го натепала невенчаниот сопруг во автомобил
Author: Author 04
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, велат од СДСМ. „Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата. Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени. Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството. Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на…
Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор. СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку…
ОвенЗа Овните започнува ново и сериозно животно поглавје. Влијанието на Сатурн во вашиот знак ве повикува да преземете целосна одговорност за вашата насока на движење. Повеќе нема простор за импулсивни почетоци без конкретен план. Доколку дејствувате зрело и доследно, ве очекува период на голем личен раст и лидерство. БикПромените кај Биковите моментално се случуваат под површината и можеби не се видливи веднаш. Сатурн ве принудува да се соочите со старите стравови и потсвесни модели кои ве кочеа во минатото. Ова е клучен период за внатрешно расчистување. Тивката работа што ја вложувате сега, ќе донесе видливи резултати во иднина. БлизнациКај Близнаците…
Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Корените на ова верување се врзуваат за Јуда, кој го предал Исус Христос и бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Дури и денес, во многу култури се смета за лош знак ако на една маса седат точно тринаесет луѓе. Колку овој број се смета за „баксузен“ покажува и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излези (gates), па дури ни седишта во авионите под овој број. Ако сте суеверни, постојат неколку непишани правила кои треба да ги почитувате на овој ден за да ја „избркате“ лошата среќа. Стравот од…
Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Од диспечерскиот-информативен центар на ЈП „Македонија пат“ информираат дека на одредени патни правци има значително намалена видливост поради појава на магла. Најкритична е состојбата на планинскиот превој Плетвар, каде видливоста е намалена до 50 метри, додека на Стража видливоста изнесува до 80 метри. И покрај ваквите услови, од претпријатието посочуваат дека сите патни правци низ државата се проодни. Сепак, се упатува предупредување до возачите дека на делниците кои минуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони. „ЈП ‘Македонија пат’ апелира до…
Поголем број улици во општина Шуто Оризари денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Исклучувањето ќе трае во периодот од 09:00 до 15:00 часот. Без струја ќе останат корисниците од делови на улиците: „Тиквешка“, „Нов Живот“, „Индира Ганди“, „Брсјачка Буна“, „Овчеполска“, „Пелагонија“, „Демирхисарска“, „Злетовска“, „Слан Дол“ и „Хаџи Јован Шишков“. Од надлежните служби информираат дека прекинот е планиран и се реализира поради технички интервенции. „Прекинот на електрична енергија во дел од Шуто Оризари е поради зафати во електродистрибутивната мрежа“, се наведува во официјалното известување.
Денеска не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег, а ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура денеска ќе се движи од 8 до 13 степени, додека минималната беше во интервал од 4 до 9 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, со максимална температура до 12 степени. За утре…
Француските и сенегалските власти разоткрија една од најмонструозните педофилски мрежи во последните години, која дејствувала на релација Бове – Сали. Како што пренесува реномираниот весник „Монд“, сенегалската полиција веќе привела 14 лица кои се сомничат за групна педофилија, силување и намерно ширење на вирусот ХИВ меѓу малолетни момчиња. Истрагата открива морничави детали: децата биле злоупотребувани од мажи кои имале незаштитен секс со нив, а сето тоа било снимано. Француското одделение за криминалистички истраги го води случајот кој ја згрози светската јавност.
Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски посочи дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје. Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито, истакна Ѓорѓиевски. „Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен…
Ужасен напад со нож ја потресе Бугарија рано утринава во општината Подујане. Вооружен маж со нож нападнал неколку лица. Во крвавиот поход на напаѓачот, на местото на настанот им подлегнал на повредите 21-годишен маж, додека уште две лица се борат за живот во софиските болници. Екипите на итната медицинска помош, кои пристигнале со три возила, затекнале застрашувачка глетка. 15-годишно девојче со повеќекратни убодни рани е итно пренесено во болницата „Пирогов“, додека 78-годишна жена со тешки повреди во стомакот е хоспитализирана во болницата „Царица Јоана“.
