Author: Author 04

Најмалку 40 луѓе се удавија во Франција во изминатите неколку дена додека се обидуваа да се разладат од рекордните горештини кои се шират низ голем дел од Европа. Оваа црна статистика ја соопшти францускиот премиер Себастиен Лекорну пред итниот состанок свикан токму поради екстремниот топлотен бран. „Ова е тажен момент кога станува збор за давењата, бидејќи најновите податоци што ни беа пријавени покажуваат 40 смртни случаи од 18 јуни, повеќето од нив млади луѓе“, изјави Лекорну. Низ цела Франција граѓаните масовно скокаат во канали и реки за да најдат привремено разладување, што ги натера властите сериозно да апелираат на внимание.…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за развој на нестабилна облачна маса која веќе предизвика невреме во делови од државата. Според најновите набљудувања на синоптичарите, моментално најкритично е во источниот дел на Македонија. „Во Пробиштипско – Кочанскиот регион имаме нестабилност проследена со интезивни поројни врнежи од дожд , електрични празнења и наместа појава на град“, соопштија од УХМР. Покрај овој регион, нестабилни воздушни маси се развиваат и во други делови од земјата, каде веќе се бележат првите врнежи и грмежи. Од Управата додаваат дека „југоисточно од Скопје и на падините на Шар Планина имаме појава на слаба нестабилна облачна маса…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на Состанокот на високи претставници во рамките на Прашкиот процес за миграциски дијалог, кој денес и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници на државите членки, меѓународните организации и партнерските институции вклучени во управувањето со миграцијата и азилот. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека миграцијата не претставува апстрактна политичка тема, туку реалност со која секојдневно се соочуваат државите, институциите и граѓаните. „Миграцијата е реалност што ја чувствуваме на нашите граници, во нашите заедници и во животите на луѓето. Македонија низ годините научи дека ефикасното управување со…

Повеќе

Албанската полиција започнува блиска соработка со хомологните структури од соседните земји со цел да се гарантира максимална безбедност за време на претстојното лето. Заедничките патролни служби ќе бидат распоредени на клучните точки каде фреквенцијата на туристи е најголема. „Меѓународната полициска соработка за летото ќе биде со Македонија, Косово, Црна Гора и Италија. Нашата полиција ќе обезбеди заеднички патролни служби, со овие земји, чии полицајци ќе доаѓаат во нашата земја, а се во интерес на туристите. Заедничките патроли ќе бидат долж крајбрежјето но и на најфреквентните патни правци“, изјави Димитраќ Зиу, директор на Одделот за јавен ред и безбедност при албанската…

Повеќе

Албанската полиција ќе соработува со хомологните структури во соседните земји со цел да се гарантира безбедноста за време на претстојната туристичка сезона. Директорот на Одделот за јавен ред и безбедност при албанската државната полиција, Димитраќ Зиу, соопшти дека за оваа намена ќе бидат потпишани договори за соработка со важност за периодот на летната сезона. „Меѓународната полициска соработка за летото ќе биде со Македонија, Косово, Црна Гора и Италија. Нашата полиција ќе обезбеди заеднички патролни служби, со овие земји, чии полицајци ќе доаѓаат во нашата земја, а се во интерес на туристите. Заедничките патроли ќе бидат долж крајбрежјето но и на…

Повеќе

Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински презентирајќи ги резултатите од работата на Министерството. „Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што најголем дел од нашите политики се реализираат преку општините, планските региони и програмите за поддршка. Граѓаните ги гледаат новите улици, водоводи, училишта и градинки, но многу поретко се гледаат механизмите и политиките кои овозможуваат тие проекти да се реализираат“,…

Повеќе

Владата и Министерството за образование и наука (МОН) трета година по ред обезбедуваат навремена набавка и испорака на учебници за сите ученици, а процесот годинава е започнат уште порано во споредба со минатите две години. Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром, каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Педагошката служба, Роберт Аџипетров и градоначалникот Дејан Митески извршија увид и во реконструкцијата на училишниот објект. „Ценам дека конечно имаме стабилен систем за набавка и испорака на учебници и ова прашање кое го наследивме нерешено, е…

Повеќе

Дел од регионите во државата се под засилен метеоролошки надзор поради најавената дестабилизација на времето. УХМР ја алармираше јавноста за потенцијална опасност од невреме, објавувајќи мапа со жолта фаза која опфаќа поголем дел од територијата. Од Управата излегоа со јасно предупредување: „МЕТЕОАЛАРМ: Метеоаларм за локално невреме!“. Граѓаните се советуваат да ги следат тековните извештаи, особено во подрачјата каде веќе се регистрирани првите дестабилизации.

Повеќе

Времето утре ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

Повеќе

Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева. Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус. Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс…

Повеќе