Close Menu
Press24
    Најново

    МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

    08.07.2026 во 12:56

    Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа

    08.07.2026 во 12:42

    Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

    08.07.2026 во 12:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Скок од мост во поплава
    • Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта
    • Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски од Скопје: Пактот за миграција нема да функционира ако Западен Балкан остане сам

    Тошковски од Скопје: Пактот за миграција нема да функционира ако Западен Балкан остане сам

    23.06.2026 во 12:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на Состанокот на високи претставници во рамките на Прашкиот процес за миграциски дијалог, кој денес и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници на државите членки, меѓународните организации и партнерските институции вклучени во управувањето со миграцијата и азилот.

    Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека миграцијата не претставува апстрактна политичка тема, туку реалност со која секојдневно се соочуваат државите, институциите и граѓаните.

    „Миграцијата е реалност што ја чувствуваме на нашите граници, во нашите заедници и во животите на луѓето. Македонија низ годините научи дека ефикасното управување со миграцијата бара континуирано вложување во човечките ресурси, модернизација на граничната инфраструктура и блиска соработка со соседните земји и европските агенции“, нагласи министерот Тошковски.

    Осврнувајќи се на новиот Пакт на Европската Унија за миграција и азил, министерот потенцираше дека неговата успешна имплементација е можно да се постигне само преку активно вклучување на земјите од Западен Балкан во процесот на усогласување и спроведување на новите политики.

    „Пактот нема да може целосно да функционира доколку се применува само во рамките на Европската Унија, а земјите од Западен Балкан останат сами да се справуваат со последиците и предизвиците. Потребна е вистинска соработка, предвидлива финансиска поддршка, оперативна помош и формални механизми за партнерство кои ќе овозможат усогласување на законодавството, размена на информации и реализација на заеднички активности“, истакна Тошковски.

    Министерот нагласи дека Македонија останува посветена на модернизацијата на граничното управување, развојот на концептот на паметни граници, зајакнувањето на обуките и размената на информации со партнерските институции, како и на заштитата на ранливите категории граѓани и борбата против криумчарењето мигранти.

    Во рамките на состанокот ќе се одржат повеќе тематски сесии посветени на подготовките за Петтата министерска конференција на Прашкиот процес и новиот Акциски план 2028–2032, актуелните миграциски политики во регионот, како и конкретните мерки и активности за справување со миграциските предизвици.

    Министерот Тошковски потенцираше дека Прашкиот процес има особено значење затоа што овозможува практична соработка меѓу државите, институциите и експертите кои секојдневно работат на терен.

    „Доколку сакаме миграциските политики да дадат резултати, потребно е државите низ кои поминуваат миграциските рути да бидат рамноправно вклучени во креирањето и спроведувањето на решенијата. Само преку заеднички проекти, заеднички капацитети и усогласени процедури можеме да изградиме одржлив систем кој ќе одговори на современите предизвици“, порача министерот Тошковски.

    Како домаќин на состанокот, министерот ја потврди подготвеноста на Македонија активно да придонесува во унапредувањето на регионалната и европската соработка во областа на миграцијата и управувањето со границите, со цел создавање поефикасен, посигурен и похуман миграциски систем.

    Прочитај повеќе

    МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

    08.07.2026 во 12:56

    Проширена Европа значи посилно НАТО

    08.07.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.