- Бизнисменот Азманов натепан во судница во Скопје
- Камион удри во пешак во Чаир: Повредениот е хоспитализиран со тешки повреди
- Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција
- Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај
- Кривична пријава за двајца тетовци: Лажирале договор за купопродажба за да препишат стан
- Разбиена криминална група во Куманово: Позајмиле 4.000 евра со камата од 2.500, па барале и автомобил како залог
- Мајка уапсена во Скопје: Пријавено дека физички ја нападнала малолетната ќерка
- Ја уценувал со експлицитни фотографии: Барал пари за да не ги испрати на нејзиното семејство
Author: Author 04
Вкупно пет пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата, покажуваат најновите официјални податоци за состојбата со пожарите до 15:00 часот на 23.06.2026 година. Според извештајот на надлежните служби, три пожари се сè уште активни, додека два се целосно изгаснати. Противпожарните екипи во моментов интервенираат на три критични локации каде огнената стихија сè уште не е ставена под контрола. Активни се пожарите во Општина Пробиштип, кај село Петршино, каде гори ниска вегетација. Оган има и во Општина Свети Николе, на потегот меѓу селата Делисинци и Сарамзалино, каде исто така е зафатена ниска вегетација. Третиот активен оган е…
Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се обезбедуваат дополнителни средства за реализација на развојните приоритети на државата.Како што кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, ребалансот е подготвен во услови на зголемена глобална економска и геополитичка неизвесност, предизвикана од растот на цените на енергенсите, случувањата на меѓународните пазари и конфликтите во одделни региони. И покрај овие предизвици, македонската економија покажува отпорност и задржува позитивни трендови.Како што потенцираше министерката со ребалансот, вкупните…
Вчера околу 14:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека настанал пожар во продажен објект на ул.„Индустриска“ во Гевгелија. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија, а при гаснењето еден пожарникар вдишал чад и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош. Увид бил извршен.
Ноќеска во 02:55 часот во ОВР Крива Паланка, од Здравствен дом Крива Паланка било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен М.Д.(48) од село Киселица, кривопаланечко. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при извршување работни задачи во рудник во Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 11:00 часот на ул. „Раштански пат” во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес. Возачот С.Д. е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.Т., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“. Пријавениот Б.Т., полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, на 16.05.2025, при извршување службени задачи и преземање полициски овластувања во врска со пријавено кривично дело се стекнал со податоци кои претставуваат службена тајна во предистражна постапка. Додека, на 19.05.2025, при приватна комуникација преку мобилна апликација, добиените податоци ги споделил на бранител на осомничен во постапката, а се однесувале на…
Демократската унија за интеграција ја информира пошироката јавност дека две години по формирањето на владата без етнички легитимитет кај Албанците, секојдневно се потврдува дека нашите предупредувања биле оправдани. Оваа влада произведе и продолжува да произведува сериозни последици на штета на мултиетничкиот карактер на државата, на позицијата на Албанците и на самиот дух на Охридскиот мировен договор. Првиот политички грев на ВЛЕН беше непочитувањето на волјата на албанските граѓани. Како губитник во албанскиот политички блок, ВЛЕН влезе во владата без потребниот политички и етнички легитимитет, создавајќи опасен преседан за политичкото претставување на Албанците. Уште од првите денови на оваа влада, Албанците…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесуваше 48.779 денари, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Според официјалните податоци, априлската нето-плата во однос на истиот месец минатата година е повисока за 7.3 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на платите во три клучни сектори. Во финансиските дејности и дејностите на осигурување зголемувањето изнесува 27 проценти. Пораст е забележан и во секторот снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.4 проценти. Трговијата на големо и трговијата на мало, како и поправката на моторни возила и…
Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека ова признание претставува чест, но и голема одговорност за Министерството и за сите вработени. „Фактот што Министерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место во мерењето на индексот на квалитет на институциите од јавниот сектор за 2025 година, по само две години од постоењето, е потврда дека кога институцијата има фокус кон граѓаните, организирани процеси и посветен тим, резултатите стануваат видливи и мерливи“, истакна Андоновски. Мерењето за 2025 година беше реализирано преку комбиниран пристап, кој ги опфаќа и перцепцијата на корисниците и реалното искуство при добивање услуга. Во…
Нови европски прописи кои ќе влијаат врз дел од компаниите и возачите што се занимаваат со меѓународен превоз на стока стапуваат на сила од 1 јули. Мерките се дел од напорите на ЕУ за зајакнување на контролата во транспортниот сектор и подобро следење на работата на професионалните возачи. Според новите правила, обврската за поседување паметен тахограф од втора генерација се проширува и на помалите товарни возила. „Сите комбиња и лесни товарни возила со вкупна дозволена маса од 2,5 до 3,5 тони, заедно со приколката, кои вршат прекуграничен превоз, ќе треба да поседуваат паметен тахограф од втора генерација“, предвидуваат новите регулативи.…
