Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Министерството за дигитална трансформација на прво место по квалитет во јавниот сектор

    Андоновски: Министерството за дигитална трансформација на прво место по квалитет во јавниот сектор

    23.06.2026 во 13:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека ова признание претставува чест, но и голема одговорност за Министерството и за сите вработени.

    „Фактот што Министерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место во мерењето на индексот на квалитет на институциите од јавниот сектор за 2025 година, по само две години од постоењето, е потврда дека кога институцијата има фокус кон граѓаните, организирани процеси и посветен тим, резултатите стануваат видливи и мерливи“, истакна Андоновски.

    Мерењето за 2025 година беше реализирано преку комбиниран пристап, кој ги опфаќа и перцепцијата на корисниците и реалното искуство при добивање услуга. Во истражувањето беа опфатени десет јавни институции, 627 испитаници во анкетниот дел и 70 „тајни клиенти“.

    Министерот Андоновски нагласи дека дигиталната трансформација е директно поврзана со доброто управување, транспарентноста и борбата против корупцијата. Според него, кога процедурите се јасни, дигитални и следливи, се намалува просторот за субјективност, непотребно одолговлекување и коруптивно однесување.

    „Тоа е суштината на дигиталната трансформација. Не технологија заради технологија, туку подобра јавна услуга. Помалку чекање. Помалку бирократија. Повеќе доверба во институциите. А кога процесите се дигитални, јасни и следливи, се намалува просторот за субјективност, за непотребно одолговлекување и за коруптивно однесување“, порача Андоновски.

    Тој посочи дека токму тоа е суштината на дигиталната трансформација — не технологија заради технологија, туку подобра јавна услуга, помалку чекање, помалку бирократија и повеќе доверба во институциите.

    Министерството за дигитална трансформација, преку процесите на дигитализација, интероперабилност и електронско работење, работи на намалување на административниот товар за граѓаните и компаниите, како и на создавање јавна администрација која функционира како сервис, а не како пречка.

    „Ова признание го гледам и како поттик за целата јавна администрација. Не постои институција која не може да се подобри. Не постои услуга која не може да се поедностави. И не постои процес кој не може да стане потранспарентен, побрз и попредвидлив за граѓаните“, истакна Андоновски.

    Министерот упати благодарност до вработените во Министерството за дигитална трансформација, нагласувајќи дека наградата е пред сè признание за нивната секојдневна работа, посветеност и професионалност.

    „Ова е нивна награда. На луѓето кои секојдневно работат со граѓани, со институции, со системи, со проблеми кои често не се гледаат однадвор, но од кои зависи дали една услуга ќе функционира или не“, рече Андоновски.

    Тој изрази благодарност и до Министерството за јавна администрација за спроведувањето на процесот, посочувајќи дека ваквите мерења внесуваат култура на отчетност, споредување и препознавање на добрите практики и слабостите во јавниот сектор.

    „Нашата цел останува иста: институции кои работат побрзо, поефикасно и почесно; услуги кои се креирани околу потребите на граѓаните; и јавна администрација која гради доверба“, порача министерот Андоновски.

    Министерството за дигитална трансформација продолжува со уште поголема посветеност во дигитализацијата на услугите, зајакнувањето на интероперабилноста меѓу институциите и унапредувањето на квалитетот на јавните услуги за граѓаните и компаниите.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.