Author: Author 04

Вчера (12.02.2026) во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.Ч.(59) од Скопје пријавил дека околу 13:20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, затекнал едно лице кое излегло од неговиот дом, а каде што претходно одзело предмети. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, лицето се обидело да му го одземе и мобилниот телефон, но не успеало, по што тој си го вратил одземеното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска информираше дека се реализирани средства во износ од 481.127.667 денари на сметките на 12.458 лозари. Исплатата доаѓа токму во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарството. Средствата се наменети за Мерката 1.8, односно за директни плаќања по обработлива површина за одржување на постојните лозови насади. Од Министерството истакнуваат дека со оваа навремена исплата се потврдува посветеноста на институциите кон поддршка на оваа стратешка земјоделска гранка. „Продолжуваме со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство“, се вели во соопштението на МЗШВ.

Повеќе

Центарот за социјални работи во Тетово алармираше за несекојдневен случај на можно фалсификување исправи, откако жена која според официјалните евиденции е почината пред две децении, се појавила во институцијата со новороденче. Случајот започнал кога Управата за водење матични книги известила дека на 8 декември 2025 година во Тетовската клиничка болница е родено женско дете од мајка А.С. (27). Меѓутоа, при проверката во службените регистри, вработените останале затечени – мајката со тие податоци се водела како почината уште на 21 октомври 2006 година. Откако биле испратени официјални покани, вчера лицето А.С. лично се појавило во Центарот заедно со бебето и уште…

Повеќе

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени три пиштоли, 39 парчиња муниција и рамка за пиштол.

Повеќе

Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(46) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Вчера лишени од слобода 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило, под дејство на алкохол и со поголема брзина од дозволената Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи се одземени патничките возила. По еден возач во Скопје, Чашка и прилепско управувале возила иако имале мерка…

Повеќе

СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 01.02.2026, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.

Повеќе

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ј.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, на 13.09.2025 на место викано „Суитлак“ во Штип, откако се сретнала со женско лице –  вработено во МВР со договор за вработување како полицаец – приправник во Одделение за полиција при СВР Штип, насилно ја внела во возило „бмв“ со кое пријавената Ј.Н. дошла на…

Повеќе

Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“ СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера…

Повеќе

ОВР – Кочани поднесе кривична пријава против С.З., 40-годишен кочанчанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Пријавениот противправно присвоил платежна картичка во сопственост на лице од Кочани и во периодот од јули 2025 до ноември 2025 во седум наврати неовластено навлегол во компјутерски систем и се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 161.800 денари, соопштија од МВР.

Повеќе