- ФОТО: Уапсен скопјанец – Фатен на дело, а немал ниту возачка
- Апсење во скопско: Шетал со пиштол и 26 куршуми
- Швајцарскиот министер Касис во посета на Македонија – Европската перспектива во фокусот
- СДСМ бара одговори за Алта банка: “Колку народни пари се загрозени”
- Се празнува Свети Арета: Ден посветен на верата, жртвата и молитвата, ова се обичаите
- Студено утро низ Македонија: На некои места температурите паднаа под нулата
- Мицкоски во Валандово: Земјоделците добиваат нова можност за наводнување
- Извештајот на ЕК на маса во Владата: Што треба да смени Македонија за напредок кон ЕУ?
Author: Author 04
Градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изрази длабеко сочувство по повод ненадејната смрт на градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски. Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи порача дека Илиевски бил негов драг пријател и голем човек чие заминување остава огромна празнина. „Со огромна тага ја примив веста за ненадејната смрт на мојот драг пријател, колега и пред сѐ голем човек, Јовица Илиевски. Јоцо, сите сме во шок и неверување. Тешко е да се прифати дека повеќе не си меѓу нас, но уште потешко е да се најдат зборови за човек како тебе“, напиша тој. Во својата објава, Ѓорѓиевски ја нагласи хуманоста и добрината…
Ненадејно почина градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски. Веста за неговата смрт ја потврди претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој преку социјалните мрежи упати сочувство до семејството и граѓаните на Брвеница. Мицкоски во својата објава истакна дека Илиевски бил чесен и посветен човек кој секогаш работел во интерес на граѓаните. „Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со…
Западните земји отворено зборуваат за подготовки за војна со Русија и ги зголемуваат своите воени буџети, изјави рускиот претседател Владимир Путин. На состанокот со дипломирани студенти на воени универзитети, тој посочи дека НАТО и ЕУ користат лажни изјави за наводна руска закана како изговор за воено засилување. Русија, како што пренесува ТАСС, е подготвена да даде брз и соодветен одговор. Зборувајќи за војната во Украина, која Москва ја нарекува специјална воена операција, Путин ги пофали руските сили и додаде дека армијата во моментов „практично ја окупира“ Константиновка во самопрогласената Донецка Народна Република. „Руските офицери и војници храбро и ефикасно ги…
Противпожарен авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) е вклучен во гаснењето на пожарот што избувна во подножјето на планината Богословец, во светиниколско, соопштија од ДСЗ. Интервенцијата од воздух уследи по ширењето на пламенот на овој терен. Надлежните екипи дејствуваат за да го стават огнот под контрола и да спречат негово дополнително ширење кон поширокиот појас на планината.
Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, почина, пренесуваат локалните медиуми. Причините за смртта засега не се објавени. Илиевски беше позната политичка фигура во оваа општина, каде што ја водеше локалната институција во последните години. Тој беше оженет и татко на две полнолетни деца. Неговата кариера беше поделена меѓу здравството, локалната политика и спортскиот менаџмент. Од 1999 година до ноември 2021 година беше вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Од 11 ноември 2021 година беше избран за градоначалник на Општина Брвеница за периодот 2021–2025 година. Претходно, во периодот 2013–2017 година беше член на Советот на Општина Брвеница. Како голем вљубеник, беше…
Град Скопје објави нови износи за фирмарина за правните субјекти, со значително зголемување на оваа давачка што ја плаќаат компаниите за истакнување деловно име. Според објавените податоци на официјалната интернет-страница на Градот, во делот за даноци, фирмарината е зголемена за 100 проценти, односно од досегашните 4.000 на 8.000 денари. Оваа измена се однесува на таканаречената ТФ1-фирмарина, односно надоместокот за истакнат назив на деловна просторија. Новите задолжувања се објавени на 15 јуни 2026 година и веќе предизвикуваат реакции во деловната заедница, бидејќи за многу компании ова значи двојно повисок годишен трошок. Иако мерката директно се однесува на локалната такса, нејзиното зголемување…
Лица биле ангажирани на Детската клиника во Скопје без претходно да биде обезбедена соодветна законска согласност за нивното работно ангажирање, изјави денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. На прес-конференцијата во Владата, таа откри дека официјалното барање од менаџментот на Детската клиника пристигнало дури на 22 јануари, со што се отвора прашањето како тие лица работеле во претходниот период. Министерката јавно праша врз кој основ вработените биле повикувани на работа во првите 22 дена од почетокот на годината во оваа јавна здравствена установа во Скопје. – Требало да има обезбедено согласност пред Нова година за да може да ги задржи вработените.…
Грчката полиција уапси три лица, а уште 105 се осомничени како дел од криминална организација која преку манипулации на броила вршела масовна кражба на електрична енергија во повеќе региони низ Грција. Според првичните проценки на истражните органи, со овие нелегални активности е предизвикана материјална штета која надминува девет милиони евра. Полициската акција започнала во текот на денешниот ден во реонот на Солун, а се спроведува во координација со надлежните енергетски служби во земјата. Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција во Солун во соработка со Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија (ДЕДДИЕ) за разбивање…
Вишиот управен суд донел пресуда со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица во Општина Босилово, со онаа во Општина Босилово и Општина Ново Село. За одлуката на судот денеска на владина седница информирало Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. -Станува збор за конечна судска одлука која Владата, како институција што го почитува владеењето на правото, е должна да ја почитува, соопшти прес-службата на Владата. Владата во соопштението посочува дека „ова прашање не е резултат на одлуки донесени од актуелната Влада, туку претставува наследена…
Владата го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, приходите зголемени на 379,2 милијарди денари
Владата денеска го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, кој според министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе овозможи продолжување на економскиот раст и забрзување на инфраструктурниот развој во државата. Ребалансот претставува баланс помеѓу фискалната одговорност, потребата од забрзан развој и сериозен фокус на капиталните инвестиции. Со овој Ребаланс на Буџетот, вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што претставува зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година, истакна министерката. На приходната страна, даночните приходи се проектирани на 213,2 милијарди денари, што е минимално намалување од…
