Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голем полициски удар во Грција: Уапсени три лица и откриена кражба на струја од над девет милиони евра

    Голем полициски удар во Грција: Уапсени три лица и откриена кражба на струја од над девет милиони евра

    23.06.2026 во 16:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчката полиција уапси три лица, а уште 105 се осомничени како дел од криминална организација која преку манипулации на броила вршела масовна кражба на електрична енергија во повеќе региони низ Грција.

    Според првичните проценки на истражните органи, со овие нелегални активности е предизвикана материјална штета која надминува девет милиони евра.

    Полициската акција започнала во текот на денешниот ден во реонот на Солун, а се спроведува во координација со надлежните енергетски служби во земјата.

    Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција во Солун во соработка со Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија (ДЕДДИЕ) за разбивање на криминалната организација „чии членови вршеле специјализирани манипулации на електрични броила на ДЕДДИЕ (во деловни објекти и домови) во регионите Атика, Македонија, Тракија, Тесалија и Пелопонез, со цел кражба на електрична енергија“.

    Кражбите биле добро организирани и таргетирале деловни објекти и приватни куќи во речиси сите клучни региони низ Грција.

    Досега се уапсени тројца клучни членови на организацијата, додека вкупно 105 лица се осомничени како вршители на кражби на струја. Штетата нанесена на ДЕДДИЕ надминува девет милиони евра, информираа од полицијата.

    Истрагата за случајот продолжува со цел да се утврди дали во мрежата биле вклучени и други правни или физички лица.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.