- Кузмановска: Власта врши притисоци и го казнува правото на младите слободно да мислат
- Откажана најавената двочасовна блокада на границата со Бугарија
- Африкански бран ја зафаќа Македонија: Температурите викендов ќе надминат 35 степени
- Алиу: Починати лица и одамна оперирани пациенти со години висат на листите за операции
- СДСМ: Мицкоски копира модел од Србија за да скрие колапс
- Каде Македонците најмногу пазарат онлајн и како да се заштитите од измами
- Минчев: Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец
- ВМРО-ДПМНЕ: Донесовме инвестициски циклус од 1,255 милијарди евра и економски раст
Author: Author 04
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против Г.Н.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги. Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.
Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ поради обилните врнежи од дожд и поплавувањата. Најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште, извести ЦУК. „Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица Прилепска е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов. Заезерувања има и на улица 29 Ноември во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево.…
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска неколку населби во Скопје ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија ќе работат на терен во општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром. Според официјалното известување од ЕВН Македонија АД, распоредот на исклучувања е следниот: Овие активности се дел од редовните интервенции за подобрување на мрежата во скопскиот регион.
Времето денеска облачно со сончеви периоди, додека кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места, претежно во западните и северните делови од земјата, врнежите ќе бидат од снег. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 14 степени. Во Скопје се очекува слично време со максимална температура до 11 степени и повремен дожд во вечерните часови. Од УХМР најавуваат промена на метеоролошката состојба веќе од…
Мајка од Кентаки и нејзиниот сопруг се обвинети за убиство на нивното бебе откако жената наводно тврдела дека имала спонтан абортус, кратко пред властите да го пронајдат телото на новороденчето пред нивниот дом. ДеАн Бенет и Чарлс Бенет беа уапсени оваа недела, повеќе од една година откако беше пронајдено телото на детето, и обвинети по едно обвинение за убиство од небрежност и прикривање на раѓањето на дете, соопштија властите. ДеАн Бенет се соочува и со дополнителни обвиненија за фалсификување докази и сквернавење на труп. Според соопштението од државната полиција на Кентаки, истрагата за двојката започнала во петок, 29 ноември 2024…
Македонското Собрание в среда, на 18 февруари, се очекува да ги констатира оставките на клучни функционери во регулаторните и антикорупциските тела. На 85. пленарна седница треба да бидат потврдени повлекувањата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски, како и на членот на ДКСК, Цвета Ристовска. Веднаш по констатирањето на оставките, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ја започне процедурата за избор на нивни наследници. Покрај кадровските измени во РКЕ и ДКСК, пратениците ќе одлучуваат и за пополнување на испразнетото место во Уставниот суд. За нов уставен судија е предложен Гоце Наумовски, кој треба да дојде…
46-годишна жена загина во силни бури во Барселона откако дел од покривот на магацин падна врз неа при силни ветрови. Во изминатите 48 часа, 86 лица се повредени во бурите во Каталонија, покраина во североисточна Шпанија, соопшти Министерството за здравство. Жената работела на влезот во фабрика кога скршен дел од покривот паднал врз нејзината глава. Таа починала во болница, каде што уште шест лица се лекуваат од слични повреди. Меѓу нив е и 22-годишна волонтерка за цивилна заштита која била погодена од паѓачко дрво. Силен дожд, грмотевици, снег и силни ветрови постојано ги погодуваат Шпанија и Португалија во последните недели,…
Швеѓанката Мари Густавсон, иако веќе родила четири сина, сакала да има уште едно бебе на 50-годишна возраст, но на изненадување на сите, добила тројки! Чарли, Лорин и Лара се родени со итен царски рез во градот Удевала. Момчето и двете девојчиња сега се добро, како и нивната мајка, која имала бременост со висок ризик, објави Билд.Според извештаите, зачнувањето бебе по природен пат на оваа возраст не е невозможно, но е исклучително ретко. Затоа, Мари и нејзиниот сопруг Кони (59) се одлучиле за вештачко оплодување на Кипар, каде што третманот чинел 5.500 евра. „Не мислевме дека ќе функционира првиот пат, па…
Утре (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје. Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“. Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во…
Францускиот претседател Емануел Макрон упати драматичен апел за зајакнување на борбата против антисемитизмот, по објавувањето на новите владини податоци кои покажуваат дека омразата кон Евреите сè уште е во пораст. Иако во 2025 година е забележан пад на инцидентите од 16% во споредба со претходната година, бројките и понатаму се загрижувачки. Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, минатата година биле регистрирани 1.320 антисемитски дела, што претставува дури 53% од сите инциденти поврзани со религија во земјата. Министерството посочува дека овие бројки се одржуваат на историски рекордно ниво веќе трета година по ред, особено по ескалацијата на конфликтот на Блискиот…
